Емитер 12/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојат повеќе методи за мерење на капацитивноста на кондензатори, но поради нивната сложеност и непрактичност не се пристапни за голем број електроничари. Со развојот на техниката се пронајдени и методи кои се доста едноставни и поради тоа се препорачливи за користење и на почетниците. Еден таков инструмент со кој на едноставен начин се врши одредувањето на капацитивноста на кондензаторите е прикажан на сликите подолу. Од неа може да се забележи дека инструментот не е едноставен за изработка што не значи дека е невозможно да се направи во домашна работилница. Овој инструмент е направен за мерење на кондензатори со капацитивност до 10.000 µF.
Целиот инструмент е поделен на неколку секции: временска база, контролна логика, бројач, драјвер за дисплеј и дисплеј за прикажување на измерената вредност како основни и осцилаторот како помошни секции. Временската база има задача да генерира правоаголни импулси со константна периода за некоја константна вредност на Cx. Бројачот има задача да врши броење на импулсите кои доаѓаат од осцилаторот и добиената вредност да ја претвори во бинарен облик кој е погоден за драјверот за дисплеј. Драјверот за дисплеј има задача да ја претвори бинарната информација во соодветни напонски нивоа за секој поединечен сегмент на дисплејот.
Проектот продолжува во следниот број со опис на изработката и подесувањето на инструментот.
ИК: CD4511, CD4518, CD4093, NE555, LM7809
Кварцен кристал: 1 MHz
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.