Австралиското списание DIYODE објави на нивниот сајт и фејсбук дека ќе престане да излегува. Се работи за најмладо списание за популарна електроника во Австралија, создадено во 2016 година.
“Во 2016 година, тргнав да создадам списание кое им донесе неверојатни проекти на креаторите низ земјата и светот. Благодарение на помошта на нашиот неверојатен тим, ценетите соработници и секако илјадниците читатели, го направивме тоа. За жал, светот е различно место во 2024 година, а DIYODE веќе не е одржлив”, пиша во своето обраќање до читателите Роб Бел, главниот и одговорен уредник на списанието.
DIYODE беше независно издание, зад кое стоеше редакција мотивирана и обединета од нивната љубов кон електрониката. Во текот на своето постоење списанието објави мноштво интересни проекти за изработка во домашни услови, но и тестови и прикази на нови производи, едукативни содржини, вести, колумни. Првиот број на списанието излезе во 2017 година, а оттогаш до денес се излезени вкупно 79 броја. Во текот на овие години Diyode беше единствениот конкурент на Silicone Chip, кое сега останува единствено австралиско списание за електроника.
Повеќе за магазинот, за концептот и содржините може да дознаете на нивниот веб-сајт