Рубрика: Електроника
Далечински прекинувач со инфрацрвени зраци
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако сакате на далечина да вклучувате и исклучувате електричен уред, а да изградите само едноставен приемник, без предавател, решението е пред вас. Осетлив приемник со инфрацрвени зраци, едноставна шема со мал број лесно достапни електронски компоненти и стар заборавен далечински управувач кој е во функција, се потребни за реализација на проектот. Уредот успешно ги вклучува сите електрични потрошувачи на работен напон од 230 V чија моќност не надминува 450 W, и тоа на далечина до 12 метри.

Универзалниот приемник за далечинска контрола е наменет за вклучување и исклучување на мрежното напојување на две флуоресцентни светилки (неонки) од 40 W. Секој којшто ќе го изгради проектот може да пронајде негова адекватна примена. Потребно е да имате само далечински управувач од кој било електронски уред: телевизор, видео, ДВД плеер, музички ситем итн. Конструкцијата на инфрацрвениот приемник е таква за да работи со кој било инфрацрвен далечински управувач, без разлика на кодот на сигналот. Имајќи предвид дека ќе биде користен готов предавател за инфрацрвени зраци, ни преостанува да го изградиме само приемникот. Уредот треба да содржи приемник за инфрацрвени зраци (ИЦ) и флип-флоп. Во текот на експериментирањето на експериментална плочка (protoboard) се покажа дека треба да се стави дополнително коло со кое ќе се елиминираат осцилациите кои се генерираат при прекинувањето – т.н. "debouncing“ коло. Ова коло се интерполира помеѓу приемникот за ИЦ – зраци и флип-флопот. Со ова, електричната шема на финалната верзија на ИЦ далечински прекинувач содржи: детектор, приемник на ИЦ-зраци реализиран со IC1 колото TSOP1738, коло за редукција на сигналите од преодните појави (debouncing коло) изградено со IC2 т.е. NE555 и D-флип-флоп како прекинувач бистабил, со положба на ON и OFF конструиран со IC3 или колото CD4013.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1228
ИК: NE555, CD4013;
Релеј: HK19F (5V)
 
Демонстрација на работата на далечинскиот прекинувач со инфрацрвени зраци.
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.