Рубрика: Електроника
Автоматски полнач на акумулатор
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-12/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За потребата од поседување на оваков уред не треба да се зборува многу. Потребата од ваков уред е зголемена во зимски услови кога поради потешкотии при стартување на автомобилот наутро, акумулаторот може брзо да се испразни. Во вакви ситуации акумулаторот најдобро е да се наполни со помош на автоматски полнач кој има посебно прилагодена карактеристика на полнење. При користење на ваков полнач нема потреба од постојано надгледување на акумулаторот и од стравување дека келиите ќе почнат да "вријат"-состојба која е многу лоша за "здравјето" на акумулаторот. Оваа појава не е пожелна затоа што многукратно го намалува векот на траење на акумулаторот, а се јавува како резултат на предолго полнење на акумулаторот со висок напон или пак ако полнењето се изведува со многу голема струја.

За да се избегне секакво оштетување на акумулаторот се користи посебен уред кој во зависност од напонот на неговите краеви ја прилагодува струјата на полнење. Поради тоа што најголем број од автомобилите користат акумулатор кој има капацитет од 55A/h полнењето се изведува со струја од 6ААкумулаторот се полни со оваа струја сè додека напонот на неговите краеви не дојде до одредена состојба, по што полнењето продолжува со многу помала струја сè до точката кога потполно се прекинува струјата за полнење. Ова се случува на напон од околу 15,5V. 

Сигурно многумина се прашуваат зошто полнењето се прекинува на толку висок напон знаејќи дека акумулаторот е полн и при напон од 14,4V. Одговорот на ова прашање ќе го добијат кога по полнењето ќе го остават акумулаторот да постои дваесетина минути и ќе го преконтролираат напонот на краевите на акумулаторот (за овие дваесетина минути клемите за полнење треба да бидат откачени од акумулаторот). При контролата на напонот на краевите од акумулаторот ќе забележите дека истиот паднал на вредност од околу 14,5 V.

Уредот е едноставен за изработка, но секако за негово безбедно користење ќе треба да ги проминете и сите чекори за нагодување. По нагодувањето сите составни делови се поставуваат во соодветна кутија и уредот е подготвен за понатамошна експлоатација. Сега кога ќе имате потреба од полнење или дополнување на акумулаторот само поврзете го овој уред на акумулаторот и работата че биде сигурно завршена.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК645

ИК: µA741

грец: B80C10000

мрежен трансформатор 16V/8A

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-12/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.