Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од овој број на ЕМИТЕР започнуваме серија написи чија цел е да ве упати во работата со оваа програма која е една од најпогодните за правење на првите чекори во светот на цртањето и графичкиот дизајн со помош на компјутер. Во овој прв дел од серијалот ќе зборуваме за работната површина и опкружувањето, распоредот на панелите и алатникот, а ќе ги направиме и првите цртежи.
Се прашувате зошто токму Corel Draw? Па, причини има повеќе – од прегледниот распоред на алатникот и панел опциите, преку едноставното интуитивно управување со секоја од нив, па сè до компатибилноста на програмата со огромен број други програми. Но, да почнеме со ред...
CorelDraw како програма за векторско цртање за првпат го здогледа светлото на денот во сега далечната 1989 година. Приказната започнува во 1987 година кога канадската компанија Corel Corporation од Отава ги најмила програмерите Мишел Бујон и Пат Бирн (Michel Bouillon, Pat Beirne) да развијат векторски базирана програма за цртање која ќе може да се вгради во нивните системи наменети за десктоп (столно) издаваштво. И така се случи CorelDRAW 1.x. која првично беше наменета за корисниците на тогашниот Windows 2.0. Оттогаш до денес таа се подновуваше и усовршуваше вкупно петнаесет пати, а последната верзија на програмата ја носи ознаката X5. Со текот на годините се работеше и на компатибилноста со други оперативни системи и програми. До неодамна имаше посебни верзии наменети за Mac OS, Mac OSx и Linux системите, но поради слабата продажба тие не беа развивани понатаму. Што се однесува до компатибилноста со другите софтверски програми, денес CorelDraw нуди огромен избор на типови на датотеки како краен производ и за кои прифаќа внес на работната површина, што го прави приспособлив кон потребите на корисниците кои можат да го употребуваат речиси за сè - од цртање на едноставни цртежи, блок дијаграми и шеми, па сè до невозможно компликувани илустрации кои се вистински уметнички дела.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.