Не се работи за научна фантастика, туку за вистински подарок од технологијата. Благодарение на интерфејсот мозок-компјутер, Филип О'Киф кој боледува од амиотрофична латерална склероза (ALS) успеал да објави твит што го составил со своите мисли.
Ова е прв случај во светот една порака да биде објавена на социјалните мрежи само со моќта на мислата, па добро и на технологијата. Самиот чин претставува дополнителна демонстрација за тоа како можноста да се следат само микродвижењата на очите може да го подобри и поедностави животот за многу луѓе со невролошки заболувања кои не можат да комуницираат на друг начин.
"Здраво свету! Краток твит. Монументален напредок“, е првата порака испратена од австралијанецот Филип О'Киф (62) до луѓето на социјалните мрежи.
hello, world! Short tweet. Monumental progress.
— Thomas Oxley (@tomoxl) December 23, 2021
Твитот беше испратен преку сметката на Томас Оксли, управен директор на Synchron, стартапот што го создаде уредот којшто О’Киф го користеше. Веќе во следниот твит О’Киф објасни “Не морав да пишувам или да зборувам. Овој твит го создадов само со мисла #helloworldbci“, и потоа додаде “Се надевам дека ќе го отворам патот за нова форма на твитање со мисла“.
Сепак, и покрај овој напредок, телепатските социјални медиуми се, за повеќето луѓе, една малку подалечна реалност, подалечна отколку што тоа изгледа. Системот што О'Киф го користи е прилично сложен и е дизајниран за луѓе со тешка попреченост кои не можат да комуницираат на друг начин. Интерфејсот користи невронски јазол вграден во мозокот и се потпира на моторниот кортекс, делот одговорен за свесно физичко движење, а корисникот со поглед врз екранот со тастатура избира букви за да состави реченица. Преку друг уред, којшто е поставен на градите, алгоритамот за машинско учење ги обработува податоците и ги преведува овие сигнали во специфични дигитални команди.
Како функционира ендоваскуларниот уред Stentrode, што го поврзува мозокот со компјутер поминувајќи низ виличната вена. Интервенцијата за вградување на апаратот е минимално инвазивна, и е слична со операцијата неопходна за интервенција во случај на мозочен удар.
Според О'Киф, употребата е релативно едноставна, “како возење велосипед – потребно е малку вежбање, но штом еднаш научите потоа ви доаѓа природно“. Во нивното соопштение за печат Synchron објави дека оваа година ќе ги започне нивните првите испитувања со луѓе во САД.
Како функционира ендоваскуларниот уред Stentrode, што го поврзува мозокот со компјутер поминувајќи низ виличната вена. Интервенцијата за вградување на апаратот е минимално инвазивна, и е слична со операцијата неопходна за интервенција во случај на мозочен удар. © Oxley TJ, Yoo PE, Rind GS, et al. | Journal of NeuroInterventional Surgery 2021