Емитер 12/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Често пати во нашето секојдневие, а уште повеќе во индустријата се јавува потреба од едноставно броење на некои настани во некој процес. Тоа може да биде број на луѓе кои влегле некаде, број на возила, број на јаболки кои поминале по лента, итн. Во ваква ситуација се што треба да се направи е да се смисли начин како да добиеме по еден електричен импулс за секоја единица која треба да се изброи, а останатата "комплицирана" работа ќе ви ја заврши електронското коло опишано овде. Колото претставува едноставен бројач на импулси дизајниран со PIC микроконтролер и 4-цифрен LED дисплеј. За принципот на броење се користи една од функциите на микроконтролерите која се вика "прекин (interrupt) на RB0", па затоа од овој проект можете да научите многу за микроконтролерите, дури и да не ви е потребен никаков бројач во моментов.
Целта на овој проект е да претставиме едно едноставно решение за прецизен бројач на импулси, користејќи микроконтролер. Принципот на броење како и принципот кој се користи да се прикаже резултатот на LED дисплеј може да ви помогнат да развиете некоја посложена и покорисна апликација. Според ова, приоритет на овој напис е едукацијата и разбирањето на работата на микроконтролерите, додека примената на колото како бројач за броење на некои настани, секако доаѓа во втор план.
Сепак, иако главната цел на овој напис е да научиме како може да се изработи едноставен склоп за броење на импулси, не значи дека овој уред треба да остане заборавен во некоја кутија или фиока по изработката. Напротив, можеме да му најдеме некоја соодветна намена по дома, на работа, или секаде каде што ќе ни текне. Ете на пример, може да склопите некоја справа за вежбање на стомачни мускули, па овој уред да брои во ваше име додека вие се посветувате само на вежбата :-)). Верувам дека вашите идеи ќе бидат многу пореални и помногубројни од моите, но не заборавајте го и хумористичниот дел кој може да се изгенерира со него, на пример, доколку имате некоја личност од понежниот пол во семејството, може да и поставите тастер на вратата од плакарот и да се чудите на бројката колку пати е отворена вратата во текот на неколкуте часови потрошени за "дотерување" пред излегување :-)).
Напојување: 9 - 20V;
Опсег на броење: 0 - 9999;
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.