Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Бројачи (1)
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бројачите претставуваат специјално конфигурирани флип-флоп кола, поврзани во серија, со што е овозможено броење или делење на фреквенцијата на повторување на импулсите, донесени на влезот на овој склоп, а на излезот се добива бинарно прикажан резултат на броењето. Според начинот на броењето, разликуваме повеќе видови бројачи од кои нашето внимание ќе биде свртено на бинарните и на декадните бројачи. Бројачите можат да бидат дискретни (во форма на интегрирани кола) или како дел на посложени уреди (микропроцесори, разни сметачки машини, уреди за мерење на време и за многу други мерни и управувачки системи).

Броењето е основна потреба во животот на човекот. Во природата постојат голем број случувања кои можат да се дефинираат со две состојби, како што се: отворено/затворено, горе/долу, високо/ниско, позитивно/негативно. Според тоа, броењето на овие состојби се вика бинарно и тоа е природен начин на броење. Но, човекот со своите десет прсти на рацете се ориентира на декадно броење и тој начин на броење за човекот е многу поразбирлив од бинарниот.
Во дигиталната електроника, бинарното броење е основен принцип, сите дигитални електронски кола се базираат на бинарното броење, дефинирано со високо или ниско напонско ниво или како 1 и 0. За потребите на човекот, бинарното броење, со специјални дигитални кола, се претвора во декадно. За потребите на компјутерската технологија се развиени бинарно кодирано (BCD) и хексадецимално броење.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.