Електроника

Во овој проект е изработен квалитетен робустен засилувач кој со напојување од само ±25Vdc може да испорача повеќе од 50W/4 оми или 30W/8 оми квалитетна излезна RMS моќност. Одличен е за репродукција и слушање на разновидна музика во домашен амбиент. Се одликува со релативно ниска цена за негова реализација, затоа спаѓа во т.н. група на "Low cost" аудиозасилувачи.


Металство и машинство

Спојувањето на металите со помош на заварување е постапка која многу често се користи во индустријата, но и во домашни услови. Незамислива е изведбата на разни метални конструкции, машини и уреди без користењето на постапката на заварување. Се користи при изведбата на разни конструкции: огради, тенди, врати и слично. Најчесто употребувана постапка е, секако, рачно електролачно заварување со обложени електроди.


Аеронаутика

Авионските трки во Рино, Невада, САД, познати и како Авионски трки за националниот шампионат се одржуваат на аеродромот Рино Стед (Reno Stead Airport). Трките се одржуваат еднаш годишно во септември и со право се рекламираат како "најбрз мото–спорт во светот".


Аудио и видеотехника

Основните принципи на активното потиснување на бучава се познати уште од појавата на патентираното решение на Германскиот физичар Пол Лајг (Paul Leug) во далечната 1934 година, но сè до средината на 80-те години на минатиот век тие беа тешко применливи поради недостаток на технологија.


На граница на науката

Разликите меѓу мозокот на човекот и мозокот на делфинот или шимпанзото навидум се небитно мали, но има една огромна разлика која ја надминува едноставната механичко-биолошка претстава за мозокот како органска компјутерска машина - а тоа е свеста. Што е свеста? Тоа сè уште е отворено прашање на кое научниците од сите профили, но и сите други, се трудат да дадат одговор.


Архитектура и градежништво

Составните компоненти на композитните системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ) меѓусебно мора да бидат компатибилни, што дава гаранција за функционалноста и долготрајноста на системот. Покрај институтскиот атест за квалитетот на секоја поединечна компонента, круцијален е атестот за комплетниот систем со кој се докажува исполнување на строгите критериуми во согласност со МКС EN ISO стандардите.


Автомобилска техника

Серијалот за одржување и поправка на автомобилите ќе го заокружиме со оваа тема, која за повеќето читатели е позната. Сепак, не би биле на одмет советите и напомените изнесени во текстот што следува а ќе бидат посветени на резервното тркало и воопшто, на тркалата од нашето возило. ќе биде интересно, затоа што иако на прв поглед изгледа дека нема ништо значајно, ќе ве уверам токму во спротивното – и тоа како е значајна проблематиката на тркалата од сите аспекти.


Екологија

Секое патување почнува со првиот чекор. Со ова народна поговорка најдобро може да се илустрираат обидите на одделни развиени држави да создадат еколошки чисти средини т.н. зелени оази, каде што со помош на најновата технологија луѓето ќе живеат и работат. Исфрлањето од употреба на фосилните горива, рационалното користење на енергија добиена по природен пат и целосно рециклирање на отпадот. Колку и да звучи нереално, сепак, на неколку места во светот ова започнува да се реализира.


Астрономија и астронаутика

Трагајќи по "фосилни остатоци" од зрачењето останато од времето по Биг Бенгот, група американски истражувачи, со помош на најнов инструмент, откриле радиозрачење, кое не потекнува од ниеден познат радиоизвор во универзумот. Ете нова енигма за астрофизичарите.


Информатика

Животот денес не би можел да се замисли без компјутерот, поточно без компјутерот како средство за менаџирање, креирање и промена на документи. Верувам дека сите сте имал потреба да користите Мајкрософт Ворд или некој друга компонента од Офис пакетот, но сега би сакал да ви го свртам вниманието кон најголемиот ривал на Мајкрософт Офис пакетот ...


Информатика

Новиот оперативен систем на Microsoft – Windows 7, веќе стана секојдневие. Дури и закоравените фанови на "незаменливиот" Windows XP полека но сигурно преоѓаат на популарната седмица. Според некои статистики, Windows 7 многу побргу го освојува пазарот од својот "прет-предходник" и тоа, барем за мене, воопшто не е зачудувачки факт. Едноставно, стариот добар XP веќе предолго време беше број 1 во светот на оперативните системи, при ова не мислејќи само на Windows OS.


Електроника

EasyPIC 6 е најновото решение од "микроЕлектроника" за сите оние кои сакаат да навлезат во светот на микроконтролерите. Овој развоен систем е наменет за програмирање и експериментирање со 8-битните PIC микроконтролери од Microchip.


Електроника

Бројачите претставуваат специјално конфигурирани флип-флоп кола, поврзани во серија, со што е овозможено броење или делење на фреквенцијата на повторување на импулсите, донесени на влезот на овој склоп, а на излезот се добива бинарно прикажан резултат на броењето. Според начинот на броењето, разликуваме повеќе видови бројачи од кои нашето внимание ќе биде свртено на бинарните и на декадните бројачи.


Аудио и видеотехника

TriCaster на фирмата NewTek е комплет за продукција во живо, кој ги содржи сите неопходни алатки за таков тип продукција: свичување на камери, титли и натписи, миксирање на аудио, VGA графички внес, интегриран VCR за репродукција на материјали, плеер на фиксни слики, киирање во живо, симнување на податоци од интернет во живо, снимање на аудио/видеосигнали и професионално едитирање. Го има во три варијанти.


Електроника

Во повеќето деловни и станбени простори речиси сигурно постои некоја надворешна или коридорска врата, која во нормален случај треба да биде затворена, но минувачите честопати ја оставаат отворена поради невнимание. Впрочем, потсетете се колку пати во некој објект сте забележале ширум отворена врата на која постои натпис: "Затворај ја вратата"!


Фототехника

Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Кога се работи за "стандардна" дигитална опрема, како мемориските картички кои се користат и во многу други апликации, само на прв поглед изгледа дека нивниот избор е многу едноставен. Но, и сосема површен преглед на потребите за мемориски картички за вашата дигитална камера укажува на потреба за темелна анализа, со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.


Информатика

Кочењето при репродукција, "бирањето" кој ЦД/ДВД диск ќе биде прочитан а кој не или нивно потполно непрепознавање се најчестите симптоми дека нешто не е во ред со ласерот кој ги чита дисковите. Насобраната прашина и друг вид нечистотија се најчестата причина за тоа. Решението е потполно едноставно – исчистете го ласерот!


Информатика

Девет практични совети како најеколошки и најпрактично да ги искористите старите компјутерски делови. Текстот што следува нема да ви објасни како да го решите овој еколошки проблем, но верувам дека ќе ви даде добра идеја како барем малку да придонесете кон почиста животна околина.


Информатика

Во предвечерието на премиерното претставување на најновиот графички "монструм" на Nvidia, да ги погледнеме новините кои ги носи и разликите во однос на претходната генерација.


Информатика

Оние кои ги користат оперативниите системи Windows често пати се наоѓаат во ситуација да мораат да извршат некоја оперција, но за тоа оперативниот систем или нема воопшто соодветна алатка или, пак, таа што ја има не дава доволно можности. Затоа, во овој напис ќе ви предложам две апликации кои ќе ви ја олеснат работата со вашиот Windows, кои патем кажано се слободни за употреба.


Информатика

Вградувањето на графички чип во Core i3 процесорите повлече потреба од нови матични плочи. Ништо ново кога е во прашање Интел, но овој пат има доволно добра причина за тоа. ASUS P7H57D-EVO цели кон категоријата напредни корисници на кои матичната плоча не им е само платформа за асемблирање на систем. Изведена е во полн ATX форм фактор, и веќе на прв поглед е јасно дека се работи за сериозна матична плоча со висок потенцијал.


Информатика

Минатиот месец на 10 февруари, точно на "Европскиот ден за побезбеден интернет", во просториите на хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Првата кампања за безбедност на децата на интернет кај нас во организација на Мајкрософт Македонија. Во продолжение накратко ќе ве запознаеме со содржините на овој значаен настан кој се надеваме ќе има позитивен удел врз сите во поглед на зголемување на безбедноста на децата.


Астрономија и астронаутика

Астероид насочен кон Земјата, откриен во октомври 2008 год., ги мобилизира астрофизичарите да ја следат неговата траекторија сè до моментот на неговата експлозија во атмосферата на Земјата. Откриени се повеќе од 280 негови парчиња расфрлани по Суданската Пустина.


Медицина

Денешното темпо на живот е застрашувачко. Животот на современиот човек е претворен во луда трка во која победува најбрзиот, најсилниот и не секогаш најумниот и најстручниот. Постои тензија која не можат сите да ја издржат. Како резултат на сето ова многу луƒе страдаат од стрес, а постепеното акумулирање на стрес во човечкиот организам, доведува до паѓање на системот, до нервен слом.


Медицина

Експертите тврдат дека во последните 100 години бројот на левораките луƒе се зголемил за четири пати, а се смета дека околу 12 % од вкупната популација на Земјината топка пишува со лева рака. Луѓето кои пишуваат и повеќето работи ги извршуваат со левата рака, имаат и свој ден, 13 август.


Електроника

На страниците на ова списание досега се прикажани неколку кола за регулација на бројот на вртежи на DC вентилатор. Верувам дека и овој го заслужува вашето внимание. Ако не за друго, затоа што е наједноставен од сите досега објавени. Може да ви послужи да ја намали буката и да ја зголеми ефикасноста на ладењето во компјутер, засилувач, лабораториски извор на напон и сл.


Електроника

Белите лед диоди се популарни поради својата висока сјајност и широкиот дијапазон на светлосни бранови во спектарот. За нивно напојување е потребен напон од 3,6V и струја од 20mA. За да се обезбеди напојување од една алкална батерија од 1,5V, потребен е DC-DC конвертор на напон. Опишаниот уред е едноставен и стабилно работи и при напони од Ubat>0,7V. Тоа обезбедува максимално искористување на батеријата, односно подолг век на батеријата во текот на експлоатацијата.


Омнибус

Суперслушалки со 6 минизвучници во еден;
Рамноденица;
Потполно отворен код на Symbian;
Младите црни дупки гладуваат;
Училишата на иднината;
Дали постои живот на месечините на Јупитер и Сатурн;
Лотус започна со производство на евтин хибриден мотор;
Италијански научници создале синтетска коска;
LHC повторно произведува милиони неверојатни судири;
Телевизори со 3-Д слика од Сони;
Radeon HD 5670;
Нови дигитални камери од HP;


Писма
Уред за активно потиснување на бучава
Коригирајте го ставот за перпетуум мобиле!
Модификации на гитарскиот предзасилувач