Рубрика: Електроника
Развоен систем EasyPIC6
Автор: Перица Јакимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


EasyPIC 6 е најновото решение од "микроЕлектроника" за сите оние кои сакаат да навлезат во светот на микроконтролерите. Овој развоен систем е наменет за програмирање и експериментирање со 8-битните PIC микроконтролери од Microchip. Она што го прави овој развоен систем да биде супериорен, е вградениот USB 2.0 програматор со mikroICD дебагер, кој со помош на софтверот што доаѓа со него, овозможува комплетна контрола на текот на програмата во микроконтролерот и лесно детектирање на евентуалните грешки. Како дополнување на EasyPIC 6 на располагање стојат и разни видови на модули за комуникација, LED, 2x16 LCD, GLCD дисплеи и многу други додатоци, кои му овозможуваат на корисникот максимално да се посвети на софтверот и развивање на апликацијата. Сите овие работи, надополнети со изобилството на документација, одличен софтвер и многуте примери кои ги обезбедил производителот, даваат до знаење дека ова е сериозна алатка за брзо учење и развивање на апликации кои наоѓаат примена секаде околу нас.

На прв поглед на развојниот систем EasyPIC 6 се забележува дека станува збор за сериозно и професионално изработена плоча, на која јасно и прегледно се обележани сите компоненти и потребни информации, како од страната на елементите, така и од долната страна. Следното нешто што се забележува е дека кај ова шестто издание на EasyPIC најголем дел од електронските компоненти на плочата се во SMD изведба, што не беше карактеристично и за неговите претходници. Ова е логично затоа што EasyPIC 6 има речиси исти димензии како и неговиот претходник EasyPIC 5, но со многу повеќе интегрирани периферни единици.
Овој развоен систем се испорачува со PIC16F887, но, се разбира, дека можете да работите со кој било 8-битен и пин-компатибилен микроконтролер од сериите PIC16F и PIC18F. На плочата се достапни подножја за микроконтролери во стандардното DIP куќиште со 8, 14, 18, 20, 28 и 40 пинови. Бидејќи врската помеѓу сите овие подножја е паралелна, значи дека во исто време може да се работи само со еден микроконтролер.

Развојниот систем EasyPIC6.

USB комуника-цискиот конектор и EXT ICD конекторот

2x16 LCD дисплејот со заднинско светло.

Графичкиот GLCD 128x64 дисплеј со touch screen

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.