Рубрика: Електроника
Летна школа "Дизајн на вградливи микрокомјутерски системи“
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 03.07.2013 - 14:30

Во тек е летната школа "Дизајн на вградливи микрокомјутерски системи“ што во организација на Институтот за електроника по трет пат се одржува на ФЕИT.
Летната школа оваа година е со тема "Вградливи микрокомпјутерски системи со локациска / позициска пресметливост" и финишира со натпревар. Пријавувањето за учество беше преку формуларот кој беше достапен на официјалната веб-страница на ФЕИТ www.feit.ukim.edu.mk
На летната школа која е во тек има околу 30 посетители кои работат во двете групи, почетна и напредна, при што треба да изработат проект со кој што ќе се натпреваруват во петок, 3 јули 2013 г..
Модулот "Паркирање на модел на возило со помош на ултразвучен сензор управуван од MSP430 LaunchPad" е наменет за оние со основно ниво на познавање во оваа проблематика. Во оваа насока предност за оваа област имаа оние од 1-ва и 2-ра студиска година
Модулот "Обезбедување позиција во простор со F3DISCOVERY развоен систем базиран на ARM Cortex-M4 микроконтролер, акцелерометар, жироскоп и магнетометар (електронски компас)" е наменет за оние со напредно ниво на владеење на проблематиката. Притоа предност имаа кандидатите од 3-та и 4-та студиска година
Предавањата се одржуваат од 9 часот наутро до 13 – 14 часот попладе, по што посетителите работат во лабораторија.
Од школата секако ќе имаме поопширен извештај, во следниот број на ЕМИТЕР.