Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Изберете ја вистинската опрема - мемориски картички
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Кога се работи за "стандардна" дигитална опрема, како мемориските картички кои се користат и во многу други апликации, само на прв поглед изгледа дека нивниот избор е многу едноставен. Но, и сосема површен преглед на потребите за мемориски картички за вашата дигитална камера укажува на потреба за темелна анализа, со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.

Гледано во минатото кога поседував дигитална камера со 3,2 Mp и мемориска картичка од 128 MB која ја платив ни помалку ни повеќе туку цели 75 евра, мемориска картичка од 512 MB изгледаше како недопирлив "ѕвер" во кој можат да се сместат повеќе од 250 фотографии со највисока резолуција во JPEG формат. Па, само да направам брз преглед на сите овие фотографии би ми требало речиси едно цело пакување батерии! И денес тоа не е тоа толку многу изменето, дигиталните камери со 10 и повеќе Mp при најголемата резолуција не прават JPEG датотеки многу поголеми од 4 MB, па стотина такви фотографии можат да се сместат во една картичка од 512 MB, што е повеќе од доволно.
Приказната поприма поинакви димензии ако сакаме да работиме "професионално" и да ги меморираме снимките во RAW формат кој редовно прави датотеки со 50, па и повеќе MB. Тогаш, мемориската картичка од 512 MB изгледа некако "претесна", бидејќи може да прими само десетина вакви фотографии. Но, и тука мемориски картички со капацитет многу поголем од 1 до 2 GB не се потребни! Зошто? Некој би прашал. Едноставно нам ни е потребен простор да меморираме онолку фотографии колку што може да издржи едно пакување батерии или едно полнење на акумулаторите и ништо повеќе! Ако планираме интензивно да фотографираме, зошто да не ја организираме работата на тој начин што, за секое полнење на акумулаторите или ново пакување батерии да имаме по една мемориска картичка.
Во дигиталната фотографија претежно се користат 3 вида мемориски картички : CF картичка (Compact Flash – CF), SD картичка (Secure Digital – SD) и xD картичка (xD – Picture Card).

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.