Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Тајните на свеста (1)
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Разликите меѓу мозокот на човекот и мозокот на делфинот или шимпанзото навидум се небитно мали, но има една огромна разлика која ја надминува едноставната механичко-биолошка претстава за мозокот како органска компјутерска машина - а тоа е свеста. Што е свеста? Тоа сè уште е отворено прашање на кое научниците од сите профили, но и сите други, се трудат да дадат одговор.

... Сепак, можеби, е многу полесно да се сфати суштината на свеста, отколку да се дефинира, бидејќи онаа конвенционална дефиниција дека свеста е психичка состојба на материјата не само што ништо поблиску не одредува, туку и наметнува и едно незгодно прашање, а тоа е; што е тоа душа и кои се разликите помеѓу свеста и дали, воопшто, постојат некакви разлики? ...
Стојмир Симјаноски

... Науката апсолутно отфрла постоење на некаква ментална "енергија", барем во смисла која ја застапуваат "алтернативните" дисциплини. Единствена "ментална енергија" која медицината ја познава и признава е онаа која се детектира со електронски апарати (електроенцефалограф), преку електроди кои директно се во контакт со главата на човекот. Таа енергија е резултат на електричните активности во мозокот и е многу слаба по јачина, па не ни може да се прошири со интензитет кој би можел да се детектира надвор во просторот, а камо ли тие електромагнетни бранови да можат да влијаат врз некој објект надвор - како што тврдат алтерантивните гледишта....
Владимир Филевски

ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "дежурниот" скептик Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.