Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Смарагдната плоча е еден од најмистериозните предмети кој, според една стара легенда, датира од некоја непозната претпотопна цивилизација. Според едно друго предание, Смарагдната плоча ја нашол Александар Македонски во неговото освојување на Египет. Текстот бил преведен во Александрија и е еден од најстарите познати алхемиски текстови. Смарагдната плоча никој повеќе не ја видел, а преведениот текст останал во Александриската библиотека, но и тој негде во 2. век пр. н. е., исчезнал. Така останал непознат сè до средниот век кога е пронајдена една стара копија и преведена на латински јазик. Што кажува тој текст? На оваа тема дебатираат Љупчо Спасевски и Владимир Филевски
Љупчо Спасевски:
Мистеријата за древната “Смарагдна плоча” е запишана во една реченица: “Тоа што е долу личи на она што е горе, а она што е горе е слично како тоа што е долу”.
Староста на Смарагдна плоча не е утврдена. Се претпоставува дека е пронајдена во 3. век пред нашата ера, а набрзо потоа изчезнала. Во меѓувреме текстот е преведен. Тој запис бил донесен во Александриската библиотека за која се смета дека била оформена на почетокот на 3. век пред нашата ера. Записот (преведениот текст) останал во Александриската библиотека, но и тој негде во 2. век пред нашата ера, изчезнал.
“Смарагдната плоча” (“The Emerald Tablet”), никогаш не е пронајдена, по нејзиното таинствено изчезнување, негде во 3. век пред нашата ера. Нејзини описи се земени од усните преданија за неа, во кои се вели дека таа била смарагднозелена и била голема колку една книга, но не се отворала. Предната страна ѝ била мазна како стакло и кога ќе се допрела со рака, на неа се појавувале слики, цртежи и текст напишан на некое непознато писмо. Се претпоставува дека таа била стара десетици милениуми и дека потекнува од некоја непозната, древна цивилизација. Во старите египетски текстови, запишано е дека таа плоча на луѓето им ја дарил египетскот бог на мудроста Тот.
...
Тоа што го превел алхемичарот е многу блиско до она што науката денес го толкува. Еден текст стар со илјадници години има некои сличности и со најновите научни откритија, со теоријата за “Големата експлозија”, или на англиски “Биг-Бенг” и со теоретското Хигсово поле.
...
Денешната науката се нурнува подлабоко и подлабоко во длабините на непознатото. Таа се обидува да го потврди сето она што е скриено и со изведување научни експерименти да ни го открие, онака како што ние го перципираме. Тоа е суштината на низата експерименти за откривањето на таа честичка, (“Чудото на создавањето на тоа што е долу е само во една честичка”.) наречена Хигсов бозон. Со неговото откривање ќе се потврди Хигсовата теорија за постоењето на таа честичка и на тоа поле. Така ќе се објасни на кој начин безмасените елементарни честички ја добиваат масата, но она што е најважно е тоа дека на тој начин може да се открие и механизмот со кој се создаваат сите физички облици во овој материјален свет. Подоцна тие откритија можат да продолжат во насока на откривање на тоа како се создаваат облиците со употреба на тој механизам или како се пренесуваат на големи далечини, со претварање на масените во безмасените и на безмасените во масени честички.
Сето ова звучи како научно толкување на она што го напишал алхемичарот. “Чудото на создавањето на тоа што е долу е само во една честичка”, а таа честичка можеби е “Хигсовиот Бозон”, која е дел од теоретското Хигсово поле.
Владимир Филевски:
“Смарагдната плоча” (Tabula Smaragdina) е значајна за науката само при изучувањето на историјата на херметизмот и алхемијата – но ништо повеќе од тоа! Во текстот “Смарагдна плоча” нема никакви скриени, тајни сознанија што некогаш биле или ќе бидат корисни за човештвото. Науката одамна го кажала своето за “Смарагдната плоча”, за алхемијата и за херметизмот. Херметизмот е религија, па според тоа, по дефиниција, нема ништо научно во себе. Ниту интересно. Алхемијата не е наука, туку е само една попатна епизода во раната фаза од историскиот развој на хемијата како наука.
...
Во сите сензационалистички книги и интернет-страници пишува дека кралот Александар Македонски знаел за “Смарагдната плоча”, па дури и дека ја поседувал. А вистината е дека Александар ниту слушнал за неа, а камо ли да ја видел.
...
Науката дава многу побројни, поточни и поинтересни податоци, отколку што ги има во сензационалистичките книги. Според запишаната приказна, “Книгата на Тот” е закопана во гробницата на Нанеферкаптах во “Долината на кралевите”, а не како што пишува во сензационалистичките книги “под Сфингата во Гиза” (веројатно “Долината на кралевите” не им била доволно атрактивна). Секој може да ја прочита приказната и да се увери во тоа.
Што се однесува до самиот текст “Смарагдна плоча”, тоа е еден здодевен, маглив и нејасен алхемиски рецепт, кој еднакво валидно може да се протолкува на различни начини, дури и дијаметрално спротивни
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.