Електроника

Предмет на овој труд е дигитален фреквенцметар со нумеричка обработка, реализиран на база на микроконтролерот PIC18F4520. Проектиран, изграден и тестиран е прототип на уредот кој овозможува мерење на фреквенција до 1MHz и временски интервали од 0,1s до 30h. Мерниот опсег се бира автоматски или рачно, а може да се одбере и еден од трите алгоритми за пресметување на резултатот. Во кој било момент на мерењето, можен е преглед на последните 16 резултати.


Аудио и видеотехника

Појавата на секоја high-end фирма во Македонија е доволна причина за славје, тоа е ретка прилика да се вкуси амброзијата достапна само на ретките. Домашната фирма АЛФА АУДИО го доби ексклузивното застапништво за Македонија на германскиот high-end производител на звучници Gauder Akustik, овозможувајќи на заинтересираните македонски аудиофили да слушнат звук многу близок до живата музика.


На граница на науката

Смарагдната плоча е еден од најмистериозните предмети кој, според една стара легенда, датира од некоја непозната претпотопна цивилизација. Според едно друго предание, Смарагдната плоча ја нашол Александар Македонски во неговото освојување на Египет. Текстот бил преведен во Александрија и е еден од најстарите познати алхемиски текстови. Смарагдната плоча никој повеќе не ја видел, а преведениот текст останал во Александриската библиотека, но и тој негде во 2. век пр. н. е., исчезнал.


Телекомуникации

На 28 декември 2014 година, се навршуваат 70 години откога во далечната 1944 година, во етерот, за првпат во ослободената татковина се пренеле зборовите на првиот директор на Радио Скопје, Владо Малески-Тале на македонски јазик "Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје.


Омнибус

Ве фаќа празничната еуфорија? Богами, нас во редакцијата – ДА! И наголемо размислуваме со што да ги израдуваме нашите најблиски. За тоа се исконсултиравме со нашиот редовен соработник од Лапонија – Дедо Мраз, со цел да ни открие неколку мали тајни од неговата торба. Како и секогаш, Дедо Мраз се покажа како ГОООЛЕМ другар, поголем и од неговиот мев. И ни шепна дека (меѓу останатите) оваа година некои од подароците се "Made in Macedonia"!


Електроника

Транзисторите и интегрираните кола речиси комплетно ги потиснаа електронските ламби. Но, тие сè уште опстојуваат за некои специфични намени. Од друга страна електронските ламби одамна не се изучуваат во техничките училишта и факултети, па помладите генерации не се доволно запознаени со нив. Токму затоа, во овој напис ќе се потрудиме, на едноставен и популарен начин, да ви го приближиме светот на електронските ламби.


Астрономија и астронаутика

Во претходниот напис од оваа серија видовме дека Земјата не е единствената планета со услови за живот во нашата галаксија, а во контекст на живот надвор од Земјата, во овој напис ќе осознаеме дека Земјата не е единствената планета со услови за живот ниту во Сончевиот систем, туку во подалечното минато Марс била втората планета со идеални услови за живот! Ова сознание е резултат благодарение на мисијата "Curiosity", којашто е тема на овој напис.


Астрономија и астронаутика

Научната мисија на ЕСА, Розета (Rosetta), наменета за проучување на кометите, вклучува спуштање роботизиран лендер на површината на кометата 67P/C-G. За таа цел беше лансирано вселенското летало Розета, кое го транспортираше лендерот до кометата. На пат до кометата, леталото Розета маневрираше низ Сончевиот систем вкупно 10 години за да ја достигне нужната брзина за досег до кометата, потоа да влезе во орбитата околу неа, и во даден момент да го истовари лендерот на нејзината површина.


Аеронаутика

Да се притиснат границите во спортот, не е ништо необично. Целта на секој спортист е да го стори тоа преку посветена, напорна работа, и организирана подготовка. Тоа е наградата за вложениот труд. Да се биде најдобар во светот и да се претстави достојно својата татковина.


Информатика

Во овој напис ќе се осврнеме на основните принципи зад програмскиот јазик Java и неговата најдобра примена, предности и недостатоци. Иако поголемиот дел од текстот се осврнува на генерални програмерски принципи и техники, ќе прикажеме и основни наредби за најчесто користените наредби и основна синтакса на јазикот.


Информатика

Долгоочекуваната петта итерација на мобилниот оперативен систем Android конечно се појави. На задоволство на милионските фанови, но и за инает на злобниците кои му предвидуваа крај на симпатичното "дроидче".


Автомобилска техника

Некако, како да не помислуваме дека кај автомобилите, можат да бидат управувани едновремено сите четири тркала. По инерција, како да е вообичаено и крајно нормално и логично управувањето на автомобилот да е реализирано само со предните две тркала. Навистина, за лаик е невообичаено сите четири тркала да се управувачки.


Информатика

Да се запознаеме подобро со креирањето функции и објекти во PHP. Со помош на објектно ориентирано програмирање ќе креираме класи и објекти. Што е потребно за креирање динамичка интернет-страница?


Колумна

"И железото има душа!" – крикна долгогодишниот пријател на мојот татко, кој ми беше дошол на гости во мојот автосервис, кога јас го шутнав настрана алатот што ми го попречуваше патот за да поминам. Бев нервозен и затоа така постапив (друго е прашањето зошто и како се нашол тој алат на патот, но тоа може да е тема за некоја друга колумна).


Металство и машинство

Процесот на конструирање се состои од многу различни активности, но доминираат оние од областа на мислењето. Конструирањето, пред сè, е процес на мислење и процес на трансформација на информациите, при што се поаѓа од идеи и потреби, до комплетен опис на техничкиот систем. За да се реализира саканата трансформација, мора, на определен начин, да се дејствува на влезните информации (операнди) со помош и со директното учество на повеќе оператори.


Електроника

Како да знаете дали човекот пред вас ја кажува вистината? Ако не наоѓате голема полза од познатата поговорка "Во виното е вистината" или ако немате доволна говорничка вештина да изречете некое ново "Соломоново решение", изработете го овој едноставен детектор на лага и забавувајте се!


Електроника

Во ЕМИТЕР бр. 8-9/14 излеговме со написот "Повеќебојна светлечка ѕвезда" која континуирано емитува променливо шаренило од спектрални бои и на тој начин придонесува за развеселување на атмосферата при разни семејни свечености, што е особено актуелно во периодот на новогодишните празници.


Медицина

Порано, во изминатите години, производството на забни протези и имплантати се темелело на метода во која се земал отпечаток со користење на специјален восок. Оваа метода се смета дека е стара над 5000 години. Во восочната постапка стоматолозите се потпираат на профилирање на оштетениот заб (или заби) со внимателно следење на производни чекори и со макотрпна работа.


Информатика

Ќе проработи или не, прашањето е сега? Овој ноќен кошмар е уште пожесток ако се работи за DVD коешто за вас има непроценлива вредност (од вашата свадба, на пример, мда :)). Сигурно досега многупати сте се запрашале колкав е рокот на траење на оптичкиот диск и колку гребаници и кршеници може да изржи DVD-то пред да престане да биде читлив?


Информатика

Бомбардирани сме со досадни текстови, неинвентивни упатства, преопширни истражувања, предолги анализи... Во овие случаи најмногу помага – инфографиката. Ако сликата кажува 1000 зборови, тогаш инфографиката кажува илјада и еден.


Електроника

Најпознати генератори на правоаголни импулси се астабилните мултивибратори. Тие можат да бидат конструирани со биполарни NPN и PNP транзистори, во спој со колекторска спрега или со емитерска спрега, со JFET и MOSFET транзистори, со помош на операциски засилувач, со тајмер (како што е интегрираното коло NE555) и со логички кола, познати како такт-генератори.


Медицина

Интернетскиот гигант Гугл ги поместува границите на технологијата. Станува збор за проектот под називот "Particle Platform", за таблетка којашто во човечкото тело ги открива малигните клетки, но и клетките на некои други тешки болести. "ЛабораторијатаX" на Гугл ќе потроши милиони на проект којшто ако се покаже како што се очекува, ќе биде пресвртница во лечењето на малигни и други болести, бидејќи ќе може да ја открие болеста во нејзината најрана фаза.


Омнибус

Инженерингот на ефикасни емитувачки диоди на сина светлина, скенирањето субмикроскопски честички со помош на светлосни методи и внатрешната навигација на просторот се само дел од Нобеловите награди за 2014. Во овој текст на Емитер ќе ви откриеме повеќе детали околу фундаменталното значење на овие откритија и нивното влијание на промените во современото технолошко општество.


Омнибус

Во рамките на ТЕХНОМА, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапедувања на Македонија – СПАТУМ, по 35. пат се одржа изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи и младинско творештво МАКИНОВА 2014. Придружна беше изложбата на иновации и пронајдоци за подобрување на животната средина – ЕКОНОВА 2014.


Омнибус

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Токму за настани и личности од минатото кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелните месеци, а изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Првиот лет на вселенскиот брод "Орион"; "Бубачките" на Андроид 5; Мултиформатен видеосвичер Roland V-800HD; Интел и Стивен Хокинг ја демонстрираа новата комуникациска платформа; Привршува конкурсот за "Најдобар млад научник за 2014 г."; За малите-големи архитекти; Семинар за изградба на јавни кабелски електронски комуникациски мрежи; Cambridge Audio One; ДНК спроведува електрична струја; Универзумот ќе заврши; Како празен простор?; Конечно, FULL 4K и кај мониторите; Бошовиот комбиниран диспле


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Колкави изобличувања распознава човекот
Проект за мини TL звучна кутија
Како до помал опсег од стабилизиран извор за напојување
Каде може да се набават кит-комплети за летачки модели