Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Појавата на секоја high-end фирма во Македонија е доволна причина за славје, тоа е ретка прилика да се вкуси амброзијата достапна само на ретките. Домашната фирма АЛФА АУДИО го доби ексклузивното застапништво за Македонија на германскиот high-end производител на звучници Gauder Akustik, овозможувајќи на заинтересираните македонски аудиофили да слушнат звук многу близок до живата музика. Во очекување на доаѓањето на првите примероци на Gauder Akustik, да ве запознаеме со производната програма на Gauder Akustik и најзначајните особености на нивните модели звучници.
Можеби името Gauder Akustik не сте го слушнале досега, но тоа всушност е само ново име на старата, добра германска фирма за звучници Isophon. Д-р Роланд Гаудер (Roland Gauder) работеше како директор на Isophon сè до промената на името на фирмата на крајот од 2012 година. Освен името, ништо друго не е сменето – легендарната германска педантност и професионалност и натаму е цврст фундамент на новата фирма, заедно со богатото инженерско наследство, знаење и углед од старата фирма. Фирмата Isophon е формирана далечната 1929 година и бргу се наметнала на пазарот со одличниот квалитет на нивните звучници. Во златното доба на hi-fi експанзијата (во минатиот век), звучничките единици (ниско-тонци, среднотонци и високотонци) од Isophon биле многу баран производ, бројни произведители на звучните кутии со гордост истакнувале дека вградените звучнички единици се производство на Isophon. Освен “голи” звучнички единици, Isophon произведувал и сопствени комплетни звучни кутии. Нивната цена не била ниска, но затоа квалитетот никогаш не бил подолу од одличен. Да се купи производ од Isophon, секогаш било високоисплатлива инвес-тиција и директен влез во највисоките high-end сфери на хедонизам.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.