Рубрика: Информатика
Запознавање со Java
Автор: Илија Трајкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ќе се осврнеме на основните принципи зад програмскиот јазик Java и неговата најдобра примена, предности и недостатоци. Иако поголемиот дел од текстот се осврнува на генерални програмерски принципи и техники, ќе прикажеме и основни наредби за најчесто користените наредби и основна синтакса на јазикот.

Во 1991 година група инженери од Sun Microsystems, предводени од Џејмс Гослинг (James Gosling) одлучуваат да развијат програмски јазик за самостојни уреди за интерактивна теле-визија (Cable box). Намерата им била јазикот да биде компактен и да го користи кодот ефи-касно, бидејќи уредите за коишто бил наменет немале моќни процесори. Меѓу другото, јазикот требало и да биде независен од хардверот на којшто се извршува. Овие услови го навеле тимот да го направи концептот за компајлирање (compiling) на изворниот код до “меѓукод” за имагинарен процесор и околина што се нарекува виртуелна машина (virtual machine, понатаму JVM). Овој меѓукод (наречен bytecode, бајткод) е целосно независен од хардверот на којшто се извршува, при што програмите се извршуваат од страна на толкувач (interpreter) кој ги разбира наредбите од bytecode-рот и ги преведува до соодветниот машински код за уредот на којшто се извршува програмата. Во тој период, Sun Microsystems користи UNIX за нивните компјутери, па програмерите одлучуваат да ја искористат синтаксата и концептите од веќе постоечкиот C++, бидејќи сакаат јазикот да биде објектно-ориентиран. Првото име на јазикот било Oak, за подоцна да стане Green, и на крајот, финалното име одлучено е да биде Java. Sun Microsystems ја објавува првата верзија на Java во 1995 година. Првата верзија и сите понатаму го задржале главниот концепт на програмскиот јазик, а тоа е “Write Once, Run Anywhere” (WORA). Ова значи дека програмерите го пишуваат кодот еднаш, и по компајли-рањето тој гарантирано ќе работи на сите платформи коишто го поддржуваат јазикот. Веднаш по објавувањето, повеќето интернет-прелистувачи ја инкорпорираат можноста за извршување на програмите во таканаречен Java Applet, во рамките на веб-страниците што ги прикажуваат. На овој начин Java за кратко време станал многу популарен јазик за веб-програмирање. Во годините што следуваат, излегуваат понови и понапредни верзии на јазикот (слика 1) со многу подобрувања и нови можности за програмерите и корисниците, за денес да биде еден од најкористените програмски јазици со над 9 милиони програмери и развивачи на софтвер заснован на Java.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.