Рубрика: Информатика
Покажи ги своите дизајнерски и програмерски вештини
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 03.02.2016 - 17:55

Во периодот од 29. февруари до 5. март, 68 домашни и 12 странски студенти ќе имаат можност да учествуваат на Code App, Level Up работилницата за развој на веб-сервиси. Работилницата, третпат по ред, ја организира ЕЕСТЕК ЛК Скопје, а е поддржана од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ)
Во текот на работилницата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и навлезат во светот на дизајнот и развојот на веб сервисите. Стекнатото знаење на динамичните предавања, тие ќе имаат можност да го применат практично. Работилницата има натпреварувачки карактер и тимовите своите платформи ќе бидат во можност да ги претстават на финалниот натпревар. Учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на предавања под менторство на професори од ФИНКИ како и други искусни предавачи од светот на оваа IT гранка.
Обуките коишто ги нуди оваа работилница се:
- Дизајн на веб сервис (front-end) каде е планирано учесниците да се запознаат со трендовите во front-end делот. Притоа тие ќе учествуваат во изработка на дизајнот на блог-платформа.
- Развој на веб сервис (back-end). Во овој дел учесниците ќе слушаат предавања поврзани со најновите технологии за развој на веб-сервиси. За време на работилниците ќе работат на развивање на сопствена блог-платформа, со користање на технологиите Java, .Net или PHP.
За време на интернационалната работилница учесниците ќе имаат можност за размена на мислења и знаења со студенти од други европски држави, а своето знаење да го преточат во реални проекти. Тимовите е планирано да бидат составени од пет члена, од кои двајца ќе го работат делот за дизајн, а тројца делот за развој на блог-платформата.
Работилницата е бесплатна, а за пријавување посетете ја официјалната страна на настанот Code App Level Up 3

Клучни зборови: