Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најпознати генератори на правоаголни импулси се астабилните мултивибратори. Тие можат да бидат конструирани со биполарни NPN и PNP транзистори, во спој со колекторска спрега или со емитерска спрега, со JFET и MOSFET транзистори, со помош на операциски засилувач, со тајмер (како што е интегрираното коло NE555) и со логички кола, познати како такт-генератори.
Голем број дигитални и други уреди имаат потреба од редица правоаголни импулси за управување со нивните функции. За таа цел потребни се генератори на редица импулси, кои спаѓаат во групата релаксациски осцилатори, а тоа се мултивибратори. Импулсите се повторуваат со одредена фреквенција, а соодветно на тоа со периода, составена од импулс и пауза. Периодите на повторувањето на импулсите можат да бидат симетрични, кога времето на траењето на импулсот е еднакво со времето на траењето на пау-зата, или асиметрични, кога тие времиња се различни. Фреквенцијата на импулсите покажува колкав е бројот на импулсите и паузите за време од секунда. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.