Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како да знаете дали човекот пред вас ја кажува вистината? Ако не наоѓате голема полза од познатата поговорка "Во виното е вистината" или ако немате доволна говорничка вештина да изречете некое ново "Соломоново решение", изработете го овој едноставен детектор на лага и забавувајте се!
Со текот на вековите, проучувањето на човековата психологија, како од филозофски така и од биолошко-медицински аспект, доведе до суштински напредок во спознавање на физиолошките појави врзани со кажувањето невистини. Така, денес на нешто повисока научна основа можеме да потврдиме дека кога некоја личност лаже, некои од нејзините биолошки функции можат да се изменат, а тоа во прв ред се одразува со: • насоченост на погледот и движење на очите; • промена на израз на лицето (фацијална мимика); • промена на ритамот на дишење (респираторни симптоми); • кардиоваскуларни промени (пулс, артериски притисок); • зголемување на потењето; • промена на гласот (висина, ритам); • промена на отпорноста на кожата поради нервна возбуденост (галвански одѕив на кожата). Во овој проект, ние ни оддалеку немаме намера да изработиме уред којшто би бил “бауч” за повеќето, ниту пак каква било контроверзна справа за измачување! Нашата намера е уредот да го употребиме исклучиво во забавна и едукативна смисла. Па затоа, се одлучивме за “мерење” само на еден параметар врзан со детекцијата на лагата: галванскиот одѕив на кожата, како психофизиолошка реакција. Односно, да го искористиме сознанието дека при исти услови на влажност, колку повеќе субјектот е нервозен, толку неговата кожа повеќе спроведува еднонасочна струја, односно омскиот отпор на кожата се намалува. Тука исто така се испреплетува и еден друг фактор, а тоа е потта и потењето, што исто така влијае на омскиот отпор на кожата, па не може со точност да се каже дали намалениот омски отпор на кожата е производ на потењето или на галвански одѕив на кожата. Но, всушност тоа и не е воопшто битно бидејќи и потењето и галванскиот одѕив редовно се јавуваат како последица на стресот, нивното дејство е кумулативно и квантитативно се движат во иста насока на намалување на омскиот отпор на кожата, што ја поедноставува изработката на ваков уред во смисла на тоа дека тој не треба да биде особено чувствителен.
ИК: NE555 и CD4017
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.