Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со помош на стандарден пиезоелектричен елемент, овој склоп е во состојба да детектира механички или акустични вибрации во својата околина. Склопот е специјално развиен за заштита од кражба на помошни влезови или затворени излози на продавници.
Пиезоелектричните елементи генерираат електричен сигнал на својот излез кога се изложени на механички или акустични вибрации. Со други зборови, тие вршат конверзија на механичката или акустичната енергија во електрична. Токму оваа нивна карактеристика е искористена за реализација на детекторот на механички вибрации.
Приципот на работа на овој вид детектори е добро познат. Штом пиезоелектричниот елемент ќе детектира вибрации во својата околина, се активира аларм, во овој случај звучен. Во детекторот е вклучена и променлива временска задршка која, откако алармот ќе се вклучи, овозможува безбедно напуштање на просторот што се штити. Дополнителен релеен контакт кој се активира заедно со звучниот аларм овозможува активирање на уште една алармна сигнализација (на пример визуелна) или пак поврзување на детекторот со алармна централа.
ИК: NE555, UM3561;
ППК: ЕМИТЕР ППКУНИ3
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.