Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
2011 година беше прогласена за "Година на лилјаците" со намера да се подигне општествената свест кај луѓето за овој единствен вид летачки цицачи, кои се обвиени со мистерија за повеќето луѓе. Лилјаците имаат слаб вид и се ориентираат во просторот на принципот на т.н. "ехолокација": тие емитуваат ултразвучни фреквенции и на основа на нивното ехо од околните предмети прецизно се ориентираат во просторот, летаат и ловат инсекти! Сакате ли да ги слушнете тие ултразвучни фреквенции? Тоа можете да го постигнете со самоградба на едноставен уред за детекција на звуци од лилјаците, опишан во овој напис.
Лилјаците (Chiroptera), како единствени цицачи коишто активно летаат, се многу интересен пример за тоа до каде можеле да еволуираат четириножните 'рбетници за да можат да летаат! Имено, нивните предни екстремитети еволуирале во облик на 4 долги и многу флексибилни прсти, кои носат мембрана од еластична кожа, всушност нивните крилја, но, се потенки од тие кај птиците, што на лилјаците им овозможува да маневрираат побрзо и попрецизно отколку птиците! Традиционално, тие се поделени во два подреда (subordo): Megachiroptera (големи лилјаци) и Microchiroptera (мали лилјаци). За нас се интересни малите лилјаци поради нивниот многу интересен начин на ориентација во темен простор. Имено, тие се активни ноќно време кога летајќи натаму-наваму во темницата ловат инсекти, иако имаат многу слабо развиен вид!? Па како тогаш можат да се ориентираат во темнината со така слабо развиен вид?! Тоа го прават врз принципот на т.н. "ехолокација", имено, тие имаат способност да емитуваат различни ултразвучни импулсни тонови на фреквенции од околу 40 kHz (или повеќе), коишто се рефлектираат од предметите во просторот од опкружувањето. Како компензација за слабиот вид, лилјаците имаат многу изострено сетило за слух, па ги примаат рефлектираните фреквенции и со компарација меѓу емитуваните звуци и повратното ехо, нивниот мозок и слушниот нервен систем создаваат детална слика за објектите во нивното опкружување! Ете на тој начин малите лилјаци го локализираат и го препознаваат својот плен во тотална темнина, нешто што не е својствено за големите лилјаци! Поупатените читатели во "ехолокацијата" ќе го препознаат истиот принцип на кој радарот ги детектира оддалечените предмети, само што кај лилјаците процесот се одвива во ултразвучното фреквенто подрачје, а кај радарот во електромагнетско подрачје. Ете зошто малите лилјаци се особено интересни! Ги има повеќе различни видови, распространети се речиси секаде на Земјата, освен во поларните региони. Голем број различни видови егзистираат и кај нас, а некои од нив се автохтони – присутни само на овие простори.
Сакате ли да ги слушнете нечујните за човечкото уво, ултразвучни фреквенции на лилјаците? Тоа можете да го постигнете со самоградба на склопот "детектор за лилјаци", според инструкциите дадени во овој напис! Лилјаците во овој период сè уште се во својот зимски сон и ќе хибернираат до пролет, а тоа ви остава доволно време да го изработите овој едноставен детектор на лилјаци и пролетта и летото да ги дочекате подготвени за "ултразвучно сафари" и за слушање на "музиката на лилјаците".
ИК: LM318, TL074, CD4024;
Ултразвучен приемник
EKULIT 1156 40R
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.