Рубрика: Електроника
Домашен "буба" аларм
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигурно ги следите рекламите на телевизија за алармот кој преку мобилната GSM мрежа дојавува за неговото активирање. Ако веќе сте направиле некој алармен уред, ова е шанса истиот да го надградите и модернизирате. Ако сакате благовремено да бидете информирани секогаш кога вашиот домашен алармен уред ќе се активира, тогаш ова е вистинското решение за вас.

Популарниот “БУБА-аларм” беше генератор на идејата да се конструира еден прототип на едноставен аларм за домашна употреба, чија основна функција е телефонска дојава при негово активирање. Нашиот “буба-аларм” ги нема сите оние функции на Буба-алармот од Мобимак, но сепак извонредно ја врши својата основна фукција – телефонски да ве алармира дека некој натрапник провалил во вашиот дом или деловен простор. Готовиот уред можете да го видите на фотографијата.

На прв поглед може да забележите дека е употребено само едно интегрирано коло. Токму така. Употребен е еден PIC микроконтролер кој претставува срце на овој уред. При активирањето на алармот, уредот ја активира телефонската линија на која е приклучен и го бира телефонскиот број, кој претходно е внесен во неговата меморија. На тој начин, уредот врши дојава  во случај кога се активира алармот. Овој напис е еден мал вовед во серијата написи која во иднина ќе биде посветувана на микроконтролерите и градбите со нив.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК719
Печатена плочка: CHIP01
 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.