Рубрика: Електроника
Аларм за автомобил
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За алармите, досега неколкупати е пишувано на страниците на Емитер. Во броевите 1/95 стр. 32 и 5/98 стр. 42 опишани се аларми за автомобил, а во бројот 6/99 на стр. 49 опишан е аларм за мотоцикл. За да не се повторуваме, овој автоаларм е избран концепциски да се разликува во некои поединости од претходните, но секако задржани се нивните добри идејни решенија.

Како и секој друг аларм, без разлика на локацијата на неговата експлоатација (автомобил, станбен простор, гаража, визба и слично) и овој аларм ги содржи неопходните функционални единици кои овозможуваат комодитети сигурност во експлоатацијата: коло за одложено вклучување (време за излегување), коло за одложено активирање на алармот (време за влегување), коло кое го одредува времемтраењето на алармот и коло во функција на сензор (давач), кое ќе го иницира алармот.

Секако дека е потребна и моќна сирена и светлосна сигнализација на активираниот аларм, прекин во системот за палење на горивната смеса и во пософистицираните верзии, дополнителен автономен систем за напојување.

Квалитетот на алармот зависи од бројот на местата кои ги обезбедува (моторот, багажниот простор, кабината), дали го прекинува системот за палење или доводот на гориво, дали поседува звучна и светлосна индикација, сензори за потрес, сензори за промена на физичката положба на возилото, светлосна и звучна индикација за времето на одложено вклучување и времето за влегување итн.

Овој автоаларм е замислен да содржи дополнително звучна индикација на времето на излегување со испрекинат тон (бип-бип-бип...) и тонска индикација на времето за влегување со континуиран тон (бииииииип...). Ги вклучува и исклучува во кратки интервали светлосните покажувачи на правец и сирената во автомобилот, а врши интерминентна интерупција и на системот за палење.

Не се неопходни ожичуавања од прекинувачите на влезните врати до алармот, ниту од кои било други дополнителни сензори.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК630
Печатена плочка: ППК630
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.