Омнибус

Во Скопје, во периодот од 25.4.2002 до 28.4.2002 во приватниот колеџ "Јахја Кемал" се одржа Саем на науката подготвен од околу 150 учениците на колеџот. Во ходниците, училниците, во училишниот двор и во спортската сала беа поставени многубројни штандови каде тимови од по два-три ученика (т.е. млади научници) во живо прикажуваа и практично демонстрираа по некоја интересна област од науката.


Омнибус

Слобода на движење;
Новите Denon-ови DVD-а;
39-та државна смотра;
Epson Stylus photo 950;
Изливот на гама-зраци GRB 011211 е последица од експлозија на супернова;
1.7 CTDi - дизелски адут на Honda Civic;
Виртуелна симулација;
Автомобилски играчки за големи деца;
Подредување на планетите на ноќното небо;
Континуитет на успехот на Микросам;
Daihatsu во Македонија;


Автомобилска техника

Конструкторот на неколку легендарни модели дефинитивно го потврдува своето навраќање кон минатото кога поимите авангардност, оригиналност и препознатливост често се поврзуваа за неговото име. Најновиот исход од постојаниот стремеж на Citroën да направи нешто поинакво и различно од другите е C3, можеби најубавиот автомобил со должина помала од четири метри.


Автомобилска техника

Без навлегување во добрите или лошите процени и оцени на автомобилските застапници кај нас но, ако последниве неколку месеци се изнагледавме разноразни метузалеми на тркала без или со регистарски таблички, кои со помош на законот за увоз на т.н. половни автомобили се придружија на веќе постоечкиот огромен број стари автомобили во државава, АВТОЕКСПО 2002 се очекуваше да заблеска во полн сјај.


Автомобилска техника

Со оглед на старосната структура на нашите возила, сè уште е актуелно класичното, батериско контактно палење. Добро е да се запознаеме со него и со оглед на фактот што современите електронски палења се базираат на истите основи. На крајот од краиштата, батериското контактно палење одбележа една цела епоха. И уште повеќе, како ќе се воодушевуваме на денешниве, современи, системи за палење, како ќе ги знаеме нивните предности, т.е. подобри особини, ако не ги познаваме нивните претходници.


Аеронаутика

Во екот на "студената војна" помеѓу "Истокот и Западот", а особено парирањето во трката за вооружување, најмногу средства се вложувани во воените воздухопловства и воените морнарици. Желбата на двете страни да ја покажат својата воена моќ и на вода и во воздух беше голема.


Астрономија и астронаутика

Во овој напис ќе ви го прикажеме животниот циклус на Сонцето, структурата според SSM (Standard Solar Model) и термо-нуклеарниот процес кој се одигрува во него, периодичен циклус на зголемена енергетска активност и останатите мистерии на Сонцето.


Астрономија и астронаутика

Од лансирањето на Спутник 1 во 1957 година до денес од нашата планета се лансирани многу сателити. Нивниот број може само да се претпостави. Кеплеровите закони за движење на планетите се однесуваат и на движењето на другите небески тела - природни и вештачки сателити, комети итн.


Аудио и видеотехника

Вообичаено е нашето интересирање да го задржуваат и да го привлекуваат уреди за најразлична намена кои претставуваат "бисери" на технологијата или ако сакате "крем" на светската понуда. Почнувајки од врвните нови, па и револуционерни, технологии и решенија до безбројните можности и удобности, завршувајќи со уникатен дизајн и изработка, овие творби не знаат за ништо друго освен беспрекорност и врвен квалитет.


Аудио и видеотехника

Американскиот производител "Samson" долго време егзистира на пазарот и никогаш не претендирал да влезе во кругот на производители кои нудат крајно квалитетни но и крајно скапи уреди. Својата репутација ја базираат на различни економични уреди за студиска употреба а во последните неколку години програмата ја надополнуваат и со цела палета професионални PA- производи.


Електроника

Сигурно ги следите рекламите на телевизија за алармот кој преку мобилната GSM мрежа дојавува за неговото активирање. Ако веќе сте направиле некој алармен уред, ова е шанса истиот да го надградите и модернизирате. Ако сакате благовремено да бидете информирани секогаш кога вашиот домашен алармен уред ќе се активира, тогаш ова е вистинското решение за вас.


Електроника

Во еден од изминатите броеви на Емитер стана збор за светло кое се движи. Реализацијата на проектот беше таква што светлото се движеше само во еден правец. Во овој напис ќе стане збор за уред кој овозможува светлото при движењето да го менува својот правец во две насоки: напред и назад. Добра можност, посебно за нашите најмлади читатели од кои и потекнува идеата за овој проект. Овој проект може да го искористите за украсување на новогодишни елки, излози на продавници и слично.


Електроника

Дисторзија (fuzz ефект) е уред кој е стар скоро колку и самата електрична гитара. Уредот кој е опишан во овој текст има таканаречен "soft cliping", што дава ефект многу сличен на лампашките засилувачи. Сите оние кои се занимаваат со музика знаат дека сето тоа звучи многу помузикално отколку кај транзисторските засилувачи или fuzz ефекти кои се засновани на едноставно отсекување на сигналот при одредено ниво.


Електроника

Во овој текст накратко ќе се обидам да ви ги претставам најчесто употребуваните сензори за мерење температура, од кои секој се одликува со свои специфични својства што го прават помалку или повеќе соодветен избор за дадена апликација. Станува збор за сензорите со термопар сезорот, RTD сензорите (англ.: Resistive Temperature Device) и најновата технологија, интегрирани температурни сензори базирани на силициум.


Информатика
WoW и Video Mapping Systems

Спој на имагинацијата и фантазијата, сонот и реалноста, остварување на незамисливите и недопирливите елементи во состојба на реална илузија. Пред да ја добие популарноста од луѓето и медиумите како виртуелна реалност, таа беше позната како синтетичка околина, киберпростор, вештачка реалност, технологија на симулатор и т. н. Виртуелната реалност доживува голем развој во многу полиња од науката, техниката, мултимедијалноста, игрите, архитектурата, па дури и во полето на бизнисот.


Информатика

Хард-дисковите се едни од "бавните" компоненти во еден компјутерски систем. Се одликуваат со големи времиња на пристап, досадна бучава и проблеми со ладењето, што ги прави да бидат едни од понеомилените, но сепак незаменливи составни делови на компјутерот. Но, новиот модел на хард-диск кој пред извесно време беше претставен од Fujitsu се чини дека нè внесува во нова ера на ова поле.


Информатика

Купувате нов компјутер или пак сакате да го надоградите стариот. Една од позначајните компоненти без која не може да се замисли една посовремена конфигурација е CD-ROM-от. Во поново време неговото место се повеќе го зазема DVD-ROM-от. Предноста на DVD-ROM-от е тоа што покрај читањето на DVD дискови ги поддржува и сите формати кои ги поддржува CD-ROM-от. Квалитетот на сликата и звукот се многу поголеми отколку кај CD-то, а тука е и големиот капацитет на DVD дисковите.


Информатика

Љубителите на МП3 музиката ќе можат да слушаат музика на секој чекор. Плеерите што ќе ви ги претставиме доаѓаат од ист производител Pine/D'Music и се надеваме дека ќе бидат интересни за сите љубители на MP3 музиката. Овде ви ги претставуваме следниве модели: Palm-3, SM-F и SM-200C+.


Информатика

Pascal е еден од поедноставните програмски јазици кој има многу корисни и интересни можности и се користи во случи кога не се бара голема брзина на обработка или кога бројот на податоци не е голем (книговодство, артикли...). Чест проблем кој се јавува кај овој вид програми напишани во Turbo Pascal е проблемот : Runtime Error 200 – "Division by 0". Во ово напис ќе ги образложиме причините за пријавување на оваа грешка како и начините да се избегне или "закрпи".


Медицина

Веднаш по отривањето на x и радиоактивните зраци се увидела нивната корист за медицината. Наскоро се откриле и негативните ефекти што ги предизвикуваат јонизирачките зрачења врз човекот и се увидело дека е потребно на некој начин да се поврзе количеството на зрачење со клиничкиот ефект што тоа го предизвикува.


Телекомуникации

Во изминатите броеви на Емитер пишувавме за разни модели на мобилни телефони. Овој пат ќе се задржиме на еден нов модел на производителот SIEMENS. Станува збор за моделот M50 и ќе се обидеме да дадеме еден кус преглед на можностите на овој телефон.


Макетарство и моделарство

Макетата на овој сестран борбен хеликоптер, е една од најдобрите избори на светскиот пазар на макети и доколку имате желба да ја поседувате во својата колекција на макети, Italeri е вистинскиот избор во размерот 1/72. Покрај тоа, макетата предизвикува голем интерес од страна на вљубениците во ова хоби кај нас, пред сè поради неодамнешните немили настани во нашата земја и активното учество на овој хеликоптер во борбените дејства кај нас.


Математика

За задачите поставени во априлскиот број на ЕМИТЕР, нашата редакција одлучи да го награди Зоран Миленкоски од Скопје кој што ни испрати точни решенија на првата, втората и четвртата задача. Оние што не успеале точно да ги решат овие задачи сигурно ќе ги интересира како се решаваат, па затоа ние ги објавуваме неговите решенија, а него го наградуваме со полугодишна претплата на ЕМИТЕР.


Архитектура и градежништво

Можете ли да си замислите едно пријатно катче за одмор покрај камин во кој горат парчиња огревно дрво, а Вие ја чувствувате топлината како доаѓа до вас и се шири низ Вашето тело? Тоа не е само мисла и сеќавање на една зимска идила, во некоја планинска куќичка, тоа задоволство можете да си го дозволите и Вие, во Вашиот дом.


Столарство

Ако во домот имате стар дрвен елемент или градежна столарија (врата, прозорско крило), кои се оштетени, лицето им е испукано и се лупи, тогаш оштетените дрвени места ќе можете да ги поправите и заштитите со постапките кои ќе ви ги предложам. Верувам дека овие совети ќе ви бидат од голема помош.


Писма
Самоосцилации во засилувачот
Многу прашања за проектот Focal B400 VF