Рубрика: Автомобилска техника
AutoExpo 2002
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Без навлегување во добрите или лошите процени и оцени на автомобилските застапници кај нас но, ако последниве неколку месеци се изнагледавме разноразни метузалеми на тркала без или со регистарски таблички, кои со помош на законот за увоз на т.н. половни автомобили се придружија на веќе постоечкиот огромен број стари автомобили во државава, АВТОЕКСПО 2002 се очекуваше да заблеска во полн сјај. Математиките си го сторија своето, па сепак и со тоа што можеше да се види беше пријатно, барем неколку дена, да се види нераскинливата комбинација од женски убавици и убавици на четири тркала и тоа на едно место!

И покрај сите перипетии кои му претходеа, шестиот Меѓународен саем за автомобили, стопански возила, придружна индустрија и опрема – АВТОЕКСПО И ТРАНСПОРТ 2002, сепак се одржа. Присутните фирми-излагачи ги заслужуваат сите пофалби затоа што максимално се потрудија да го задржат вниманието на публиката и нивото на саемот. Генерално, присутни беа токму оние фирми кои бележат најголема продажба кај нас и оние кои планираат да го сторат тоа. Фактите покажуваат дека иако со драстично намален број на излагачи на саемот се прикажаа десетина новитети за кои сепак вредеше да се платат 70 денари и да се посети изложбата.

А кога веќе споменуваме броеви, нека биде забележано дека на 10 000 м2 внатрешна и 5000м2 надворешна изложбена површина учествуваа 174 излагачи од 18 земји. За да добиете мал увид во грандиозноста, разгледајте ја галеријата од слики подолу.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина