Рубрика: Информатика
Виртуелна реалност
Автор: Драган Јованоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


WoW и Video Mapping Systems

Спој на имагинацијата и фантазијата, сонот и реалноста, остварување на незамисливите и недопирливите елементи во состојба на реална илузија. Пред да ја добие популарноста од луѓето и медиумите како виртуелна реалност, таа беше позната како синтетичка околина, киберпростор, вештачка реалност, технологија на симулатор и т. н. Виртуелната реалност доживува голем развој во многу полиња од науката, техниката, мултимедијалноста, игрите, архитектурата, па дури и во полето на бизнисот.

Виртуелната реалност е начин со кој луѓето визуализираат, манипулираат и се во интерактивна врска со компјутерите и екстремно комплексните податоци” (Silicon Mirage: The Art and Science of Virtual Reality by Steve Aukstakalnis & David Blatner, Peach Pit Press 1992, ISBN0-938151-82-7).

Делот на визуализација го наведува компјутерот да произведува визуелни, аудио или други осетливи излезни компоненти од реалниот свет, пренесено интерактивно на корисникот. Светот може да биде CAD модел (Computer Aided Design - Компјутерски Дизајн), научна симулација или поглед кон базата на податоци, анимирани од физички симулации или обични анимирани скрипти. Корисникот е в о интеракција со светот и манипулира директно со него. Пред да ја добие популарноста од луѓето и медиумите како виртуелна реалност, таа беше позната како синтетичка околина, киберпростор, вештачка реалност, технологија на симулатор и т. н. Виртуелната реалност доживува голем развој во многу полиња од науката, техниката, мултимедијалноста, игрите, архитектурата, па дури и во полето на бизнисот. Се прават симулатори врз основа на виртуелната технологија за потребите на медицината, авијацијата, метеорологијата, механиката, графичкиот дизајн и мултимедијалноста но се разбира и забавата од видот на летечките симулации и трките со коли.

Во овој напис говориме за типовите на системи за виртуелна реалност, како и за хардверот и технологијата на системите за виртуелна реалност.

Технолошките чуда се сепак реалност – пренослив мини компјутер со ВР модул (лево) и Telepresence System/систем за присуство на далечини (десно)

 

Клучни зборови:
WoW и Video Mapping Systems

WoW и Video Mapping Systems

Технолошките чуда се сепак реалност, пренослив мини компјутер

Технолошките чуда се сепак реалност, пренослив мини компјутер

Telepresence System (систем за присуство на далечини)

Telepresence System (систем за присуство на далечини)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.