Рубрика: Информатика
Компјутерските системи во Аполо 11
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повремено се потсетуваме на големите достигнувања на човекот во разни области од технологијата и природните науки. Едно значајно достигнување на коешто се потсетуваме овие денови е јубилејната педесетгодишнина од стапнувањето на човекот на Месечината. Може да се дискутира на долго и широко дали е така или не, но во последниве 50 години човештвото нема постигнато поголемо достигнување во вселенските истражувања како ова, што овој настан го прави восхитувачки и престижен. Во овој напис ќе се задржиме на компјутерите и на софтверот употребени во Аполо 11 и ќе се воодушевуваме на генијалните решенија на тогашните инженери да направат комплексен и доверлив систем за управувањеи навигација во време кога микропроцесорите сè уште не се измислени.

Како и секој голем настан, интересно и корисно е да се направи ретроспектива од денешна гледна точка на работите што се случувале во минатото и да се потсетиме на достап­ната технологија во времето кога се случил некој голем настан. Во ваквите моменти честопати се восхитуваме на досетливоста на тогашните инженери при решавање на проб­лемите со коишто се соочувале. Слично, и во овој текст ќе има осврт на достапната компјутерска технологија во шеесеттите години од минатиот век, кога практично се случувало дизајни­рањето на првите компактни компјутерски системи и компо­нентите со кои се изведувале тие. Земајќи предвид дека мисијата Аполо 11 се случила во текот на 1969 година, инжене­рите на НАСА за изведба на сите системи на ракетата и сателитските системи требало да користат технологија што е веќе докажана и е доволно робустна и стабилна за мисија како оваа. Тоа значи дека се преферирало да се користи техноло­гија произведена најдоцна до 1961 година, за да има време за добро тестирање и корекција на пронајдените недостатоци. Сепак, достапната технологија во тоа време укажувала на тоа дека се потребни отстапки од оваа практика, што значело да се користи мошне нова и недоволно проверена технологија според тогашните критериуми.

Во процесот на изработка на компјутерските системи, главна улога во тоа време зема тимот на научници од Универ­зитетот MIT, кој бил задолжен да го дизајнира самиот уред, како и програмата што ќе ги извршува зададените задачи во текот на работата на уредот.

Иако соработката меѓу НАСА и MIT е договорена во 1961, во текот на годи­ните од 1961 до 1969 воведени се по­голем број промени и подобрувања на електрониката што се користела. Основ­на причина за наглите и драстични про­мени била еволуцијата во достапните електронски компоненти кои се поја­вувале во електронската индустрија и стекнатите искуства при тестирањата на секоја од итерациите. Не треба да се заборави дека во времето кога бил изра­ботен Apollo Guidance Computer (AGC), примарни електронски ком­по­ненти кои се користеле биле елек­тронските лампи и транзисторите, до­дека интегрираните кола биле во многу рана фаза на дизајн и изработка. Добро е да се спомене дека првиот 4-битен микропроцесор изработен од Intel е из­лезен на пазарот дури во 1971 година, а првиот мемориски чип бил излезен во 1970 година.

Клучни зборови:
Компјутерскиот систем за автоматска навигација

Компјутерскиот систем за автоматска навигација

Rope ROM меморија

Rope ROM меморија

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.