Рубрика: Информатика
Станете гитарист со помош на компјутер
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Технолошкиот напредок и развојот на општеството без сомневање нè радува. Впрочем, тоа е секојдневје на кое сме навикнале и тешко дека би можеле да замислиле да живееме поинаку. Денес ни учењето гитара или кој било друг инструмент не е замислив без компјутер и интернет. Учењето на акордите, нотите, штелувањето сега се олеснети до максимум, потребно е само да го набавите вистинскиот софтвер. Кој? Читајте понатаму!

Технолошкиот напредок и развојот на општеството без сомневање нè радува. Впрочем, тоа е секојдневје на кое сме навикнале и тешко дека би можеле да замислиле да живееме поинаку. Или да се навратиме 10-20 години наназад. Сепак, имаме причина и да жалиме. Некои стари вредности, карактеристични за не толку одамнешните времиња, модерниот стил на живот ги потиснува во втор план. Такви има многу, но ќе се задржиме на една, која е и темата на овој напис – музиката.

Некогаш…
Нема да се занимаваме со споредби на музиката од пред 10-20-30 години со модернава. Таква споредба и нема смисла во најголемиот број случаи. Ова што денешнава младина го смета за музика, во "наше време" се подведуваше под категоријата рецитирање. За мелодичноста воопшто и да не говориме. Со жалење мораме да констатираме дека квалитетот се загуби. Се сеќавам на првите чекори во совладувањето на мојот омилен инструмент – гитарата, со која и ден-денес се дружам. Тоа беше некаде во 1982 или 1983 година. Првите акорди, совладувањето на нотите… в ред, секогаш некој постар и поискусен ќе ни ги покажел основите, но понатамошниот развој зависел најмногу од упорноста, волјата…, па и талентот. Но, упорното вежбање беше основа на сè. Акордите од песните ги учевме седејќи покрај грамофоните и касетофоните – системите тогаш не беа достапни баш за сите. Таблатурите ги цртавме рачно, за секој случај – некоја солажа да не се заборави. Текстовите од песните секогаш беа дополнително обележани на кое место се менува акордот. Гитарата ја штелувавме "од увце" или според одредена мелодија – електронските "штимери" се појавија подоцна, барем кај нас. Или можеби доцна научивме каде да ги набавиме… веќе не се сеќавам, но не е ни битно, и онака немав пари да го купам ;-). Моја песна-репер за штелување беше "Енџи" од "Ролингстоунси", и главно добро ми служеше. Електричната гитара наскоро ми стана најголема желба… која и се оствари, но по повеќе години.

… и денес
Сè во свое време. Денешното учење на гитарата е полесно од кога било. На радост на новопечените гитаристи (почетници, неискусни), на располагање им стојат голем број наменски софтвери кои првите чекори и периодот до оформување на сопствен стил максимално ќе им го олеснат. Покрај тоа, тука се и безбројните видеоклипови на YouTube на кои се снимени туторијали како се свири одредена песна, од почеток до крај или само некој нејзин дел. Крајно постојат и специјализирани сајтови на кои се достапни таблатури, акорди и текстови на песните. Дечки, блазе си ви! Ви завидувам!

А сега, да минеме на главното – софтверите за почетничко совладување на гитарата. Не беше лесно да се направи изборот со оглед на големиот број софтвери за една одредена намена. Оние чиј опис следува се најдобриот спој на едноставност и ефикасност.

Клучни зборови:

Почетен приказ од програмата GUITAR CHORDS CRASH COURSE

Дел од менито на CHORDS & SCALES

PITCH PERFECT MUSICAL INSTRUMENT TUNER V1.20 ви помага да го наштимате инструментот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.