Ако сте меѓу оние кои деновиве постојано бараат информации за коронавирусот на интернет, можеби малверите не ве плашат. Но, сепак внимавајте! Сајбер-криминалците шират дезинформации и користат лажни мапи од локациите погодени со коронавирус за ширење на малверот AZORult.
Веројатно не постои таква катастрофа или криза којашто сајбер-криминалците не би ја искористиле за личен добивка, па така ни оваа непосредна здравствена катастрофа не е исклучок. Сведоци сме дека сајбер-криминалците тоа го прават и при големи светски спортски натпревари, за време на божикните празници, но и при несреќи како што беше онаа на исчезнатиот малезиски авион (MH-370), ползувајќи ја жедта на јавноста за повеќе информации за ширење на малвер.
На сличен начин, во јануари оваа година, сајбер-криминалците ја користеле состојбата со коронавирусот за ширење на страв и за инфицирање на корисничките уреди со банкарскиот тројанец Emotet.
Сега, хакерите го користат растечкиот тренд на истражување и на барање информации во врска со епидемијата на коронавирус, за ширење со на малверот AZORult, којшто ги краде корисничките податоци. AZORult. AZORult, којшто беше откриен во 2016 година, ги собира информациите сочувани во интернет прегледувачот, особено колачињата, историјата на пребарувања, корисничките ID, лозинките, како и различни други чувствителни информации.
Истражувачите од Reason Labs, коишто предупредија на заканата AZORult, објаснуваат дека хакерите ги извршуваат нападите користејќи заразени веб-страници кадешто се нудати нформации за болеста Ковид-19.
Самите интернет-страници, заразени со малверот AZORult, го наведуваат корисникот на преземање апликација, под изговор дека со неа тој ќе ги добива најновите информации за вирусот. По ова корисникот го презема фајлот, најчесто именуван со Corona-virus-Map.com.
Кога жртвата ќе кликне на фајлот се отвора нов прозорец којшто прикажува различни информации за ширењето на коронавирусот. Во центарот на прозорецот е сместена “мапа на инфекции“, слична на онаа којашто ја креираше Универзитетот Џон Хопкинс, а којашто е легитимен извор за визуелизација и следење на ситуацијата со коронавирусот во реално време. Бројот на потврдени случаи во различни земји е прикажан на левата страна, додека на десната страна е дадена статистиката за смртните случаи и за оздравени. Мапата изгледа сосема реално така што никој не би се посомневал во нејзината веродостојност. Исто така и прикажаните информации се вистинити и собрани од страницата на Универзитетот Џон Хопкинс.
Во моментов, малверот главно е насочен кон напади на Widows системите, но веројатно наскоро ќе се појави нова верзија којашто ќе таргетира и уреди со различни оперативни системи.