Рубрика: Информатика
Медијански филтер
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Медијанскиот филтер се користи во дигиталното процесирање слики како филтер за отстранување шум и за подобрување на острината на рабовите. Во овој напис е опишана изведба на медијански филтер во кој е употребен алгоритам што користи помалку RAM во споредба со другите алгоритми. Во споредба со другите алгоритми, каде што се користи бафер со големина на сликата за сместување на резултатите, во алгоритмот кој е претставен во овој текст во дополнителен бафер се складира само мал дел од сликата што се обработува, што овозможува обработка на големи слики во системи кои имаат мал капацитет на работна меморија.

Медијанскиот филтер спаѓа во групата нелинеарни филтри за слика кои се користат за потиснување на шумот. Тој својата фунција ја изведува на тој начин што се поставува мал виртуелен прозор над оригиналната слика со центар во точката која треба да се коригира и се определува медијана од точките што се дел од прозорот. Затоа што медијаната треба секогаш да се пресметува со користење точки од оригиналната содржина на сликата, за точките што се променети треба да обезбедиме поле во кое ќе се чуваат оригиналните вредности. Една од методите е оригиналната слика да се зачувува, а обработените точки да се запишуваат во друго поле. Оригиналната слика сè зачувува се додека не се обработат сите точки, по што се отстранува од меморијата, а останува само обработената слика. Овој метод не е добар затоа што во меморијата секогаш треба да се резервира дополнително поле колку што е големината на сликата во кое се запишуваат обработените точки. Ова не е решение кое би се користело во вградливи системи каде што работната меморија е многу ограничена. За да се надмине овој проблем, претставениот алгоритам врши директна обработка на сликата, при што се зачувува само мал дел од сликата во дополнителна меѓумеморија.
Во овој труд се претставени два алгоритма за обработка на сликата со медијански филтер кои што не користат дополнително поле за складирање на обработените точки.
Двата алгоритма се одликуваат со различни перформанси при изведување на операциите, но и големината на функциите што ја изведуваат обработката на сликата зафаќаат различен простор во работната меморија. Претставени се и неколку чекори во оптимизација на кодот кој ја изведува обработката на сликата.

Клучни зборови:

Фотографија со шум и обработена со медијански филтер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.