Електроника

Подолго време на интернет се врти една електрична шема за т.н. 28 LED Clock. Одлична идеја, меѓутоа со масивна електроника реализирана со еден куп дигитални кола, што значи голема и сложена ППК и згора на сето тоа уште и услов: мрежната фреквенција да биде 60Hz (кај нас е 50Hz). Сето ова оваа одлична идеја ја прави само идеја која тешко би ја реализирал еден електроничар-аматер.


Електроника

Откако во првото продолжение се запознавме со основната теорија за природната реверберација и ехо, потребата за нивна вештачка симулација и постоечките решенија на едноставни ехо-реверб уреди, редно е да преминеме на конструкцијата на овој уред.


Информатика

Raspberry Pi претставува мини-компјутер со големина колку кредитна картичка кој може да го приклучите на вашиот телевизор и со дополнителни периферни уреди да добиете мал, но комплетно функционален компјутер. Во оваа статија ќе се потрудиме да ви објасниме како можете да си направите домашен медија плеер со ова мало компјутерче кое неодамна наполни една година.


Астрономија и астронаутика

Во галактичкото јато Абел 520 астрономите детектирале невообичаено поинаква концентрација на темната материја, спротивно од конвенционалното сфаќање за природата на таа материја. Дали со тоа се оспорува актуелната теорија за темната материја, или се работи за некој нејзин досега неоткриен феномен?


Аудио и видеотехника

Првата, најстара верзија на звучникот Ei "HSR 140" беше подобра од подоцнежните верзии, но дали и кај неа има место за подобрување? Се разбира дека има, со минимална модификација на свртницата. Подобрувањето не е толку спектакуларно, но сепак е добредојдено.


Електроника

Развојот на методите за проектирање на електронски кола е тесно поврзан со развојот на компјутерските програми за нивно моделирање, анализа и симулација. Трудов е посветен на 40 годишнината од појавата на програмскиот пакет за симулација на електронски кола наречен SPICE (Simulation Program with Integrated Circuit Emphasis), како и на неговиот развој до денес.


Информатика

Медијанскиот филтер се користи во дигиталното процесирање слики како филтер за отстранување шум и за подобрување на острината на рабовите. Во овој напис е опишана изведба на медијански филтер во кој е употребен алгоритам што користи помалку RAM во споредба со другите алгоритми.


Електроника

Животниот век на NiCd и NiMH акумулаторските батерии често се декларира на номинални 1000 полнења, но практиката покажува нешто сосема спротивно: вообичаено е овие акумулаторски батерии да ги наполниме 10 или 20 пати, па да станат потполно неупотребливи! Што потоа?


Информатика

За значењето и содржините на IDF за првпат нашироко ве запознавме во октомврискиот број на ЕМИТЕР минатата година. За потсетување, настанот се одржува во текот на целата година на повеќе локации во светот, следејќи ги и информирајќи за најновите текови во ИТ-технологијата. Истовремено, покрај пресек на тековната состојба, форумот ја обликува и визијата за натамошниот технолошки напредок, онаков како што го предвидува Интел.


Информатика

Android на вашиот smartphone, на вашиот таблет…па зошто да не и на вашиот LCD ТВ во дневната соба! А зошто би ви требал, ќе запрашате? Паа, на пример… за да гледате видеоклипови на YouTube, да пребарувате преку интернет, да разговарате или да правите видеоповици на Skype, и тоа удобно завалени во фотелјата или "извалени" на троседот. Ладниот, освежителен пијалак и кафето се дополнително уживање!


Фототехника

Fuji S4300 обединува две непомирливи категории – ниска цена и мноштво напредни опции. Во Fuji навистина се потрудиле на купувачите да им понудат што е можно повеќе за вложените пари. Резултат? Мануелни нагодувања, одличен 26x зум, добар квалитет на фотографиите, понекој недостаток… и сè тоа спакувано во компактно DSLR-овско куќиште по цена од 8 999 денари!


Металство и машинство

Во ова продолжение ќе ги објасниме составните делови на еден цевковод, нивните типови, функција и примена. Мајсторските имиња на составните делови од еден цевковод се најчесто позајмени од други странски јазици. Не обидувајте се да најдете некоја логика во имињата, туку прифатете ги буквално и под тие називи барајте ги во продавниците, за да звучите како професионален мајстор.


Астрономија и астронаутика

По речиси 5 столетија, астрономите направиле фотографија на остатокот од последната супернова, којашто се случила во нашата галаксија во 1604 год., т.н. "Кеплерова супернова" во чест на Јохан Кеплер, којшто тогаш ја забележал. Анализите на нејзиниот остаток покажале интересни нови сознанија за природата на тој тип супернови.


Астрономија и астронаутика

Астрономите откриле два астероидни појаса околу ѕвездата Вега, меѓусебно одвоени со празнина. Појасите се раздвоени меѓу себе со голема празнина, така што целата конфигурација кореспондира со архитектурата на нашиот Сончев систем. Поради тоа астрономите се прашауваат: дали во празнината се крие екстрасоларен мултипланетски систем?


Аудио и видеотехника

Sony AWS-G500E претставува интегриран уред, кој во себе содржи повеќе уреди со повеќе можности и за повеќе намени. Накратко кажано, тоа е мобилен аудио/видео уред сместен во една единствена чанта, но со перформанси блиски до многу поголемите негови "роднини". Каде и да е и кога и да е, ако постои потреба за снимање или пренос во живо на разни случувања, само треба да ги поврзете камерите и микрофоните, да го вклучите напојувањето, и спремни сте за работа.


Аудио и видеотехника

Компактен, лесен за работа, едноставен за инсталирање, со можност за проширување – SignWall, видео ѕидот е уред со широка палета на примена: од вградување во сценографија, преку контрола во контролните режии, до следење на инсталации, резултати во обложувалници, информации за возни редови на аеродроми и друго. Поддржува спектар од типови на медиуми, вклучувајќи живо видео, слики, PowerPoint, PDF, Excel и друго. Содржините што ги испорачува се во дигитален облик, со висока резолуција.


Биологија

Пчелите се инсекти кои се вбројуваат во седумте живи светски чуда според својата чудесна и уникатна структура, како и според начинот на организација на живот и нивните комуникациски способности. Само во САД во 2008 како последица на CCD (Colony Collapse Disorder) биле уништени 800 000 кошници, односно 36 милиони пчели, а тоа се случува и денес. CCD е растројство кое се јавува во пчелните семејства така што ги напаѓа пчелите-работнички и доведува до колапс на колониите.


Електроника

Сигурно досега повеќепати сте се сретнувале со шеми на регулатори на бојата на тонот – во ЕМИТЕР биле објавени десетина такви проекти. Вообичаено, во тие проекти не се објаснува детално принципот на работа, а речиси никогаш не се даваат формули и упатства за пресметка/промена на вредностите на елементите. Причина за ова е редовниот недостаток на простор, но и претпоставката дека, за просечен електроничар-аматер, тие информации се непотребни или неинтересни.


Информатика

Со најновата сигурносна платформа, ENDPOINT SECURITY FOR BUSINESS наменета за категоријата бизнис корисници, Kaspersky Lab има намера да го зајакне своето присуство и да ја интензивира својата бизнис активност на македонскиот пазар. По тој повод, на 18.4.2013 во Скопје во организација на Кабтел (македонскиот застапник за Kaspersky) се одржа презентација на најновата платформа пред бизнис партнерите и новинарите.


Информатика

Како 30-годишен лидер на полето на технологијата за поврзување со оптички влакна, Nexans има искуство да ги насочи компаниите кон имплементација на софистицирани мрежни управувачки системи, кабли и додатоци кои се подготвени да одговорат на побарувањата кои ги поставуваат надоаѓачките иновации. Ова воедно беше темата на презентацијата за решенијата на NEXANS која се одржа на 11.4.2013 година, во организација на КАБТЕЛ.


Физика

Во септември 2011 год. една меѓународна екипа од Женева објави резултати од еден свој експеримент од кој произлегува дека неутрината ја надминуваат брзината на светлината! Шокантен наод, кој ја соборува Ајнштајновата Теорија за релативитетот, па научниците организирале повторување на експериментот во поригорозни услови. Конечниот резултат гласи: "Неутрината не ја надминуваат брзината на светлината, туку претходниот наод беше поради грешка во мерењето".


Медицина

Се случува во текот на зимата да се чувствуваме безволно и изморено, често депресивни и со недостаток на енергија. Со истражувања е утврдено дека луѓето кои живеат во земји со малку сончеви денови почесто патат од депресија, несоница и од други здравствени тегоби. Зошто?! Причината за тоа може да се крие, меѓу другото, и во недостаток на сончева светлина бидејќи нашето психофизичко здравје е зависно од сонцето и се смета дека сите овие појави се поврзани со недостаток на сончева светлина.


Роботика

"RoboMac" претставува меѓународен семинар и натпревар за роботика и вештачка интелигенција, кој годинава се одржа по четврти пат. Секое ново издание на RoboMac е надополнето со новитети и подобрени активности од претходното издание. RoboMac 2013 беше во организација на три студентски организации, ИЕЕЕ – Студентски огранок во Македонија, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентски Парламент на ФЕИТ. Домаќин беше Факултетот за Електротехника и информациски технологии.


Омнибус

Philips со нов рекорд во LED осветлувањето!;
Таблета стара 2000 години;
Nessie, но не живее во вода!;
Научна станица што може да скија;
Птиците денес пеат поинаку;
Во светот има вкупно 295 ексабајти податоци;
Засега се уште ништо од DDR4;
Водоотпорен walkman од SONY;
Регенерација на ткива со наноматеријали;
Следната генерација на USB SUPERSPEED ќе ги елминира каблите за напојување!;


Писма
Звучници за озвучување
Бројач на муштерии