Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"RoboMac" претставува меѓународен семинар и натпревар за роботика и вештачка интелигенција, кој годинава се одржа по четврти пат. Секое ново издание на RoboMac е надополнето со новитети и подобрени активности од претходното издание. RoboMac 2013 беше во организација на три студентски организации, ИЕЕЕ – Студентски огранок во Македонија, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентски Парламент на ФЕИТ. Домаќин беше Факултетот за Електротехника и информациски технологии.
Визијата на RoboMac е да се популаризира роботиката меѓу студентите и младите луѓе во Македонија и во регионот, но целта е да се иницијализира и да се поддржи работата на многу други проекти поврзани со роботика. RoboMac им овозможува на учесниците да се запознаат со предностите на роботиката како научна дисциплина и да се запознаат со најновите технолошки достигнувања. Како една од главните придобивки од организирањето на ваквиот тип на натпревар-работилница, ја сметаме комуникацијата меѓу учесниците, можноста за работа во тимови и работењето со вистински роботи (од што се добива непроценливо знаење и искуство), анимирањето на студентите, нивната креативност итн. Проширувањето на интернационалниот карактер на RoboMac е од особена важност и секоја година се стремиме да продолжи во таа насока. Оваа година странски учесници имаше од дури 13 земји, меѓу кои: Србија, Турција, Грција, Црна Гора, Босна, Хрватска, Австрија, Германија, Финска, Бразил, Полска...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.