Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Подолго време на интернет се врти една електрична шема за т.н. 28 LED Clock. Одлична идеја, меѓутоа со масивна електроника реализирана со еден куп дигитални кола, што значи голема и сложена ППК и згора на сето тоа уште и услов: мрежната фреквенција да биде 60Hz (кај нас е 50Hz). Сето ова оваа одлична идеја ја прави само идеја која тешко би ја реализирал еден електроничар-аматер. Затоа решивме да ја искористиме само идејата, а реализацијата од корен да ја смениме со цел овој интересен проект да го направиме поедноставен и подостапен за самоградба од страна на електроничарите-аматери.
Како што самото име кажува, се работи за часовник со 28 LED диоди. Од нив 2 x 12 (=24) се наредени во два концентрични круга. Црвените LED диоди (од внатрешниот круг) ги покажуваат часовите, а зелените LED диоди (од надворешниот круг) групите од по 5 минути. Четири жолти LED диоди се поставени во линија и тие ги означуваат дополнителните минути кои се додаваат на минутите кои ги покажува зелената LED диода која во моментот свети, и така се добива тековниот број на минути. Проблемот кај оригиналната шема беше тоа што е реализирана со осум дигитални бројачи плус други елементи, што плочката ја прават многу сложена и голема. Второто незгодно нешто е тоа што за работа на склопот е потребна електрична мрежа со фреквенција 60Hz а кај нас таа изнесува 50Hz. Преработката на оваа постоечка шема за 50Hz дополнително ќе ја усложнеше и онака сложената шема па решивме едноставно од овој проект да ја искористиме само идејата, а сè друго да смениме. Нашата верзија на овој уникатен часовник е реализирана со популарниот и евтин микроконтролер PIC16F84A, едно логичко интегрирано коло и дузина транзистори – компоненти достапни дури и во скромно снабдените продавници за електронски компоненти. Со тоа добивме прилично едноставен проект, со помала плочка и помалку елементи, со што овој уред го направиме погоден за самоградба во аматерските работилници на нашите читатели. Изработете го овој уникатен LED часовник – тој одлично ќе се вклопи во вашата работилница или стан и ќе предизвикува интерес кај вашите пријатели... а вие, нели, ќе си добиете можност да си поприкажете нешто во врска со вашето хоби :-).
Во Емитер 4/13 на стр. 82 е испуштен купонот за 50% попуст за испрограмиран чип (CHIP31) за проектот "Часовник со 28 LED диоди". Затоа тој купон е објавен во бројот ЕМИТЕР 5/13 на стр. 82.
ИК: PIC16F84, CD4514, Кристал 32,768 kHz
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.