Емитер 4/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој проект се однесува на надградба на дигиталниот часовник со термометар објавен во ЕМИТЕР 5/2005. Малите дисплеи ги заменивме со големи дисплеи, направивме неколку мали промени на постоечката ППК и добивме нова џамбо верзија на часовникот. Овој часовник ќе може да се гледа од големи растојанија, и затоа е погоден за употреба во поголеми простории – училници, холови, ординации, трговски центри..., каде што ќе го покажува тековното време, датумот и температурата.
Идејата беше стара колку и оригиналниот проект на колегата Добре Блажевски (“Дигитален часовник со термометар” од ЕМИТЕР 5/05). Се разбира, како и за сè друго, до реализацијата доаѓа кога нам или на некој наш пријател навистина ќе му затреба уредот. Замислата беше да се искористи постоечката ППК за оригиналниот уред (ППК014), а на посебна плочка да се сместат големите дисплеи и соодветните драјвери за нив. Поставувањето на сите четири големи дисплеи на една цела печатена плочка многу брзо отпадна како варијанта затоа што во аматерски услови тешко се печати голема плочка. Наместо тоа, се решивме дисплеите да бидат поставени на посебни плочки, а тие меѓу себе да бидат цврсто поврзани со две дрвени или метални летви така што би се добил компактен дисплеј. При изборот на типот на дисплеите и решавањето на драјверите се водевме од две работи: прво и основно – да нема никакви промени во програмата на контролерот, и второ, да имаме што помалку измени на оригиналната ППК. Сите овие проектни услови беа успешно решени, па на следните неколку страници детално ќе биде презентиран проектот за овој голем дигитален часовник со термометар.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.