Рубрика: Електроника
PIC дисплеј за компјутер
Автор: Здравко Тодоров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина од корисниците на Windows 7/8 имаат користено или користат desktop widgets. Со помош на овие виџети може да се гледа часот, датумот, моменталната употреба на процесорот, меморијата итн. Меѓутоа, тие имаат еден недостаток. Секој пат кога ќе треба да ја видиме информацијата од виџетот, ние мораме да го погледнеме десктопот. Во овој проект се прави "реален" виџет, кој се поврзува преку USB со компјутерот, а може преку дисплеј да ни прикажува различни информации од компјутерот. во зависност од тоа како ќе го програмираме.

Иако веќе постојат виџети кои можеме да ги поставиме на позадината од компјутерот, тие имаат повеќе недостатоци – мораме да ја прикажеме позадината за да ги видиме и мора да имаме Windows 7 или 8. “Реалниот” виџет кој ќе го изработуваме ги нема тие недостатоци. Тој постојано ги прикажува информациите од компјутерот на посебен дисплеј, а ги поддржува следните верзии на Microsoft: Windows-XP, Vista, 7 и 8. Уредот функционира на многу едноставен начин. Се поврзува со компјутер, каде што драјверите автоматски се инсталираат. По поврзувањето, треба да вклучиме програма којшто ги испраќа моменталните информации што треба да се прикажат на уредот. Информациите коишто ќе бидат прикажани на дисплејот можат да бидат најразлични, пр. корисничко име, час, датум итн. Уредот има мали димензии, што овозможува лесна монтажа во внатрешноста на компјутерот (на местото за флопи дискот) или во посебна мала кутија. Овој проект јас го изработив со помош на мојот ментор, професорот Бранислав Бошковиќ, и со него учествував на овогодинешниот државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, каде го освоив првото место. Но натпреварот дојде отпосле, а главната цел ми беше да имам постојан увид во некои информации од компјутерот без да прекинувам со тековната активност за да погледнам на десктопот. Исто така овој дисплеј може да биде многу корисен кај компјутер кој се користи како сервер, кога вообичаено на него не е приклучен монитор. Во крајна ситуација прикажаниот PIC дисплеј може да биде извонреден украс за вашиот компјутер со кој ќе се пофалите пред пријателите. Сметам дека сето ова е доволно за да ве мотивира да го изработите овој интересен и корисен уред.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1414
Печатена плочка: ППК1415
Печатена плочка: CHIP141
ИК: PIC18F2550-I/SO; Дисплеј HD44780 (модул P1602)
 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.