Рубрика: Електроника
LED диода како фотосензор и светлосен индикатор
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


LED диодите се употребуваат во нормален случај како светлински емитувачи, но тие можат да се употребат и како фотосензори. Дури и само една LED диода може да ги извршува и двете функции: да биде светлински емитувач и светлински индикатор во еден ист склоп.

Кога зборуваме за LED диодите обично ние подразбираме дека тие се емитувачи на светлина со цел да се сигнализира активната состојба на некое струјно коло. Но, малку е познато дека тие можат да се употребат и како фотосензори, т.е. детектори на светлина. Уште помалку е познато дека тие истовремено можат да функционираат и како светлински извор и како светлински детектор во еден ист електричен склоп.
Основната идеја на таков склоп е LED диодата перманентно наизменично да влегува во два различни режима на работа и со тоа да извршува две различни функции: едната како светлински извор и втората како фотосензор, т.е. да емитува фотонапонска струја под дејство на амбиентната светлина. Електричната шема на таков склоп, во кој LED диодата е употребена така што наизменично ги извршува и двете наведени функции, е покажана во 2 варијанти: варијанта "А", каде склопот е дизајниран како ноќен индикатор, и варијанта "Б", каде склопот е дизајниран како дневен индикатор. Основата во двата склопа ја чини "интегралецот" 7555, всушност CMOS тајмер. И двата склопа се едноставни за самоградба, имено тие содржат само неколку евтини компоненти.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.