Ако сакаме да бидеме сосема искрени, мораме да признаеме дека никој од физичарите ниту од филозофите не може да одговори на прашањето "што е тоа време и зошто тоа постои?" Според филозофите, времето е илузија на нашата свест, според физичарите тоа е екстрадимензија, а според нашето искуство, времето ние го доживуваме како редослед на настани. Во овој напис ќе зборуваме токму за темата "што е тоа време", гледано од различни аспекти.