Емитер 6/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако сакаме да бидеме сосема искрени, мораме да признаеме дека никој од физичарите ниту од филозофите не може да одговори на прашањето "што е тоа време и зошто тоа постои?" Според филозофите, времето е илузија на нашата свест, според физичарите тоа е екстрадимензија, а според нашето искуство, времето ние го доживуваме како редослед на настани. Во овој напис ќе зборуваме токму за темата "што е тоа време", гледано од различни аспекти.
Во 21. век времето стана важен фактор, не само како мерка, туку исто така и според цената. Контролата над времето датира можеби од пред повеќе од 20 000 год., меѓутоа, денес времето се мери многу попрецизно од која било друга физичка големина. На пример, К-мезонот, ретка субатомска честичка, има животен век од 12 наносекунди (12 милијардити делови од секунда), а на микропроцесор вграден во компјутер му е нужна 1/3 до 2 наносекунди за да изврши собирање на два броја, додека, пак, кваркот наречен "дно", ретка субатомска честичка продуцирана во акцелератор, има трајност од 1пикосекунда (1 илјада милијардити делови од секунда) пред таа да се распадне.
Но, дали времето самото по себе е илузорно? Оваа загатка ги преокупира не само физичарите туку и филозофите и антрополозите. Според филозофите, времето е илузија на нашата свест, а според физичарите, тоа е екстрадимензија од простор-временскиот континуум.
Во овој, прв напис од серијата "Енигмите на времето" ќе се фокусираме на најенигматичката секвенција во врска со времето, "што е тоа време", а во наредниот, втор напис, ќе се фокусираме на други две енигми: дали времето имало почеток и дали тоа ќе има свој крај. Овие први два написа од серијата ќе бидат увертира кон главната тема на оваа серија, темата "патување низ времето".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.