Емитер 6/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кометите досега беа сметани како "валкани снежни топки" составени од јагленова прашина "заробена" во мраз, но лабораториските анализи на примероци од кометата Wild 2 донесени на Земјата покажале дека кометите имаат многу посложена хемиска структура, која не можела да се формира поинаку освен со долготраен хемиски процес во присуство на течна вода!
За кометите досега пишувавме неколкупати (ЕМИТЕР бр. 63/ 02: "Комети", ЕМИТЕР 11/02: "Енигмата на кометите" и "Лов на комети"), но во сите тие написи, во склад со сето тоа што досега научниците сметале дека им е познато, кометите беа третирани како "валкани снежни грутки" составени од космичка прашина "заробена" во мраз. Но, по мисијата Stardust на НАСА од 2004 год., кога на Земјата беа донесени примероци од кометата Wild 2, лабораториските анализи на тие примероци покажале многу покомплексна нивна структура, хемиски богата со минерали, кои не можеле поинаку да се формираат освен со долготраен хемиски процес во присуство на вода во течна состојба, што е тотално изненадување за научниците експерти за оваа проблематика!"Сè што досега верувавме дека знаеме за кометите, од сега е повторно под знакот прашање", објаснува Dante Lauretta, раководител на анализите кои беа извршени на Универзитетот во Аризона, САД.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.