Емитер 6/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во тек се уписите во средните училишта и на факултетите. Многумина си поставуваат прашања: Што да запишам, што да бидам, која професија да ја одберам? Притоа и не помислуваат дека според истражувањата дури 60 отсто од професиите во иднина ќе бидат професии и занимања за кои не сме слушнале! Заради развојот на технологијата, новите генерации ги очекуваат многу непознати занимања.
Светските сознанија велат дека денес високообразовните институции ги школуваат младите луѓе за занимања кои наскоро ќе бидат заборавени, вели Томас Фреј, автор на прирачникот "Разговор со иднината" и директор на Институтот Да Винчи во Колорадо. Многу од работните места како градежни инженери, медицински сестри и информатичари и друго, според него, ќе постојат и понатаму, но со развојот на технологијата значително ќе бидат видоизменети, а некои професии ќе бидат заменети и со роботи.
За околу десетина години се верува дека меѓу најбараните идни професии ќе бидат: адвокат за виртуелна сопственост и поседување, организатор на приватниот живот, професор за социјализација и дружење со пријателите, дизајнер на 3Д аватари, психолог за растенија и животни, но, најбарани ќе бидат нанолекари кои во медицината ќе ја користат нанотехнологијата.
Веројатно веќе сте нестрпливи да прочитате за новите професии и за содржината на нивната работа. Еве некои од нив: професионален пријател, урбани земјоделци, специјалист за катастрофи...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.