Рубрика: Аудио и видеотехника
Надворешни микрофони за снимање на звук на професионални видеопродукти
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


И најдобро снимениот видеоматеријал нема никаква вредност ако не го придружува квалитетен звук, а тоа го овозможува надворешен правилно избран микрофон. Се разбира, покрај добриот микрофон потребен е и соодветен придружен прибор како што се стативи, батерии, светла и филтри, сите во името на подобро видео. Иако секој од овие предмети е голем плус за вашиот видеокомплет, изборот и користењето на вистинскиот микрофон за вашите видеопродукции е исклучително важен. Меѓутоа, во последниве години се појавија многу различни видови микрофони со подобрен квалитет и со пониски цени. Но, со таков широк избор, како можете да знаете кој микрофон е вистинскиот за она што го работите?! Прочитајте го текстов, се надевам дека ќе ви помогне.

При одлучувањето за тоа каков микрофон би требало да набавите, покрај содржината и намената на она што сакате да го сработите, е секако и буџетот. Прва мисла е дека би било најдобро кога би можело да се набави еден микрофон за сè. Ова решение навидум е одлично. По одредено пребарување и размислување ќе заклучите дека таа идеја не е возможна од една проста причина што производителите на микрофони и на опрема воопшто, понудите ги прават со многу податоци, шеми, графикони итн. што внесува забуна во одлучувањето. За да не се случи тоа, еве еден едноставен предлед на микрофоните според видови.

Клучни зборови:

Shure SM58CN

Надворешен микрофон за видеокамера Sennheiser MKE300

Mикрофон AKG C-2000B

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.