Рубрика: Аудио и видеотехника
Развојот на аудиото во телевизијата
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во аудиовизуелните дела присутни се и видеото (сликата) и аудиото (звукот) како неразделни компоненти. Уште од појавата на немиот филм па до денешни дни, сликата и тонот се во постојано "бркање" во борбата за слушатели или за гледачи. Кога филмот беше "нем", се правеа напори да биде озвучен. Кога се појави двоканалното стерео, се правеа напори тоа да стигне и до монофонската ТВ. Филмската индустрија секогаш и "бегаше" на ТВ-индустријата, сä со цел да ги привлече гледачите, купувачите на влезници, и да ги отргне од растечката популарност на телевизијата. Сега сме сведоци на напорите што ги вложуваат радиодифузерите со цел да го задржат вниманието на гледачите. Како што видео-радиодифузијата се поместува од SD кон HD, голем дел од позаинтересираното гледачко тело сака да ги обезбеди и да ужива во квалитетите на surround sound. Сите напори и иновации имаат за цел, квалитетните HDTV сигнали да бидат придружени со квалитетно аудио, стандардите да бидат применливи на што поголем број земји, а компонентата на чинење да биде прифатлива за консументите.

Последниве 20 години телевизиското аудио напредуваше од монофонски аналоген пренос со користење на ФМ-модулација кон дигитален surround (опкружувачки) звук со MPEG транспортна поворка. Патем, новите особини, како што се аудиоопис и контрола на метадата, им се оставени да им служат на слушателите.
Радиодифузната технологија се развива низ целиот свет, како во државниот така и во приватниот сектор, мигрирајќи од аналоген кон дигитален пренос. Ширум Европа, компаниите пуштаат HD земски сервис како дел од тоа транзитирање. Оваа година, светското фудбалско првенство во Јужноафриканската Република, ФИФА Светскиот куп, се користи како почетна точка од која радиодифузерите ќе го испробуваат новиот HDTV 5.1 сервис.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.