Рубрика: Автомобилска техника
Трошење на гумите
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Задолжително е потребно одвреме-навреме визуелно да ги проконтролираме гумите на нашето возило. Посебно треба да обрнеме внимание на газниот слој од аспект на неговата истрошеност. Ако е рамномерно истрошен, нема потреба од грижи. Доколку, пак, забележиме нерамномерна, т.е. невообичаена истрошеност, тогаш тоа е знак за тревога и за брза реакција. Написов ќе ве запознае со тоа како да препознаете нормално од ненормално трошење на автомобилската гума и како да се постапи во тој случај.

Тоа што гумите се трошат е добар показател што укажува дека гумата добо "лежи" и добро го "фаќа", т.е. го "држи" патот. Начелно, колку гумата поинтензивно (но нормално) се троши толку е поквалитетна, во смисла на безбедноста која ја нуди, а спортските гуми заради барањето од максимално прилепување кон асфалтот, екстрабрзо се трошат. Пример за тоа се гумите на Формула 1. Неквалитетни и небезбедни се т.н. "пластични" гуми кои се многу отпорни на трошење и затоа слабо го "држат" патот. Потребно е по секоја цена да се избегнуваат таквите гуми. Тоа се евтини гуми од сомнително потекло или од производители со застарена технологија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.