Рубрика: Автомобилска техника
Збор-два за моторот СВС
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали автомобилските мотори се енигма? Да, тие се голема енигма. И електромоторите и бензинските мотори, а особено дизелските мотори навистина се голема енигма. Исто така, автомобилот не може да се замисли без мотор – во спротивно би бил запрежна кочија. И уште повеќе, токму појавата на првите бензински мотори била причината Карл Бенц да го направи првиот автомобил во 1885. Се поставува клучното прашање: Како да се поими моторот, како е дојдено до него и кој сè е заслужен за неговата појава? Моторот, исто така е и чиста уметност. Следува интересен текст за неговото величество наречено: автомобилски клипен топлотен мотор.

Ќе започнам многу едноставно. Благодарение на моторот, платформата на тркала опремена со мотор, систем за управување и кочници го добила името автомобил, што во превод би значело самодвижечка количка. Моторот е тој околу кого со векови се кршеле копјата за да од огромна и незграпна машина, која во почетоците имала премал коефициент на корисно дејство, постане лесна машина (50 до 100 kg) со моќност од околу 100 до 150 kW, која е погодна за вградување во автомобилите. Секако, тука не завршува прикаската за него. Таа сè уште трае и ќе трае сè додека има потреба од движење на уредите и направите коишто ги создава човекот. На повидок засега нема негова достојна замена.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.