Рубрика: Електроника
Сигнал-трасер и сигнал-инјектор
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред вас е совршена комбинација на два електронски уреда за откривање дефекти во радиоприемниците и во нискофрекфентните засилувачи, сигнал-трасер и сигнал-инјектор, во една кутија. Едноставен уред за генерирање и мониторирање сигнали, а неопходно потребен во секоја сервисна и хоби-работилница. Со мерно-пробната сонда во раце, со слушалките на глава, невидливиот сигнал што патува низ множеството електронски компоненти станува чуен, достапен и локализиран, а "немите" зони – потенцијални места за прекин на сигналот, односно дефект.

Сигнал-трасер и сигнал-инјектор се електронски уреди за едноставно и брзо откривање и локализирање дефекти во радиоприемниците или НФ засилувачите. Постојат два начина за пронаоѓање на грешките во неисправни радиоприемници и НФ засилувачи: следење на сигналот со сигнал-трасер од антената кон звучникот и следење на сигналот генериран од мултивибратор (сигнал-инјектор) од звучникот кон антената. Првиот начин е следење на сигналот "однапред", а вториот "одназад". Истото важи и при поправка на НФ уреди: касетофони, грамофони, засилувачи, каде што сигналот се следи од магнетофонската глава кон звучникот или обратно.
Што претставува сигнал-трасерот? Тоа е чувствителен НФ засилувач со голема влезна импеданса, влезен регулатор на засилувањето и еден детектор со диода на влезот за следење на ВФ сигнали. Патот на нискофреквентните и високофреквентните сигнали, од влезот до засилувачот во трасерот, во зависност од тоа дали ќе набљудуваме НФ или ВФ сигнали, е различен.
Сигнал-инјекторот, како и сигнал-трасерот, претставува електронски уред за откривање и локализирање дефекти во радиоприемниците и во нискофреквентните засилувачи. Откривањето е базирано на т.н. систем "однапред", од антената кон звучникот или од изворот на сигналот (магнетофонска глава, микрофон...) кон излезот од засилувачот т.е. звучникот.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1221
Печатена плочка: ППК1222

Транзистори: 2N3819, BC384C
ИК: LM741

 

Сигнал-инјекторот во работа, НФ инјектирање.

Поглед во внатрешноста на уредот од неговата предна страна

Поглед во внатрешноста на уредот од неговата задна страна

Осцилограм на инјектираниот сигнал при НФ мод на работа на инјекторот

Осцилограм на инјектираниот сигнал при РФ мод на работа на инјекторот


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.