Рубрика: Астрономија и астронаутика
Потеклото на Месечината сепак непознато?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Според најновите сознанија, во обвивката на Месечината е содржана вода во количество споредливо со количеството вода во обвивката на Земјата! Тој неочекуван наод е во спротивност со општоприфатеното сценарио за потеклото на Месечината од удар на астероид во Земјата, со импликација дека Месечината се формирала како наполно "суво" тело!

Денес астрофизичарите се способни да ја реконструираат историјата на универзумот почнувајќи од дел од секундата по Биг Бенгот, потеклото на галаксиите и ѕвездите и речиси сите тајни на создавањето на планетите, па би се рекло дека истото важи и за најблиското небеско тело, видливо со голо око горе над нашите глави: Месечината. Но, не е така, таа во себе содржи една енигма, која експертите за астрофизика ги обврзува да ги преиспитаат сите свои претходни сознанија за нејзиното потекло! Имено, досега Месечината беше сметана како наполно безводно небеско тело, формирано со удар на астероид во Земјата, но најновите екстремно прецизни анализи на примероците донесени од Месечината, покажале дека нејзината обвивка во себе крие молекули од вода, која не би можела да "преживее" на високата температура продуцирана од судирот, туку таа несомнено тотално би испарила, а бидејќи Месечината нема доволна гравитациска сила за да ја задржи околу себе водената пареа, таа се изгубила во просторот! Но, да одиме по ред!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.