Рубрика: Електроника
Столна светилка со лед диоди
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако сакате да и дадете живот на старата столна светилка, да ја замените портокаловата "топла" светлина со чиста, "ладна" и бела, изградете го проектот со бели лед диоди во матрица како светлосен извор. За континуирана промена на светлосниот извор можете да го изградите предложениот електронски регулатор во импулсно–ширинска модулација. Придружното црвено амбиентно светло само го надополнува декорот на "новата" столна светилка.

Идејата да ја преправам мојата класична столна светилка произлезе од несаканата жештина која ја даваше како светилка со грејно влакно и неприродната портокалова нијанса во спектарот на генерираната светлина, која се разликува од температурата на бојата на дневното светло. Тука секако беше и желбата да се оживее старата светилка. Покрај предвидената бела светлина, светилката е замислена да дава и послаба црвена светлина. Намена и зошто? Како амбиентно светло, за координација при ноќно движење низ просторот и светло кое ќе се користи при фотопостапка и работа со фотоосетливи материјали (развивање на старата добра целулоидна лента, филм). Црвена, зошто? Белата светлина при будење од сон предизвикува стрес (не е погодна за ноќе), а фотоосетливите материјали (Positiv 20 фотолак) не се осетливи на црвениот дел од спектарот (да нема забуна со инфрацрвениот на кој се осетливи).

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1115
Печатена плочка: ППК1116
ИК: 555;
LED диоди: 20 бели и 4 црвени
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.