Сè поочигледната технолошка предност на LED осветлувањето, особено на полето на штедењето на електрична енергија, ги натера и конзервативните Англичани да го следат овој иновациски тренд и да одобрат замена на постоечкото осветлување на нивните културно-историски споменици.
Навистина, спонзориран од магнатот General Electric и EDF (Електродистрибуција на Велика Британија) и одобрен од лондонскиот градоначалник, советот на градот Лондон и олимпискиот комитет "Лондон 2012"; Citelum, светски реномираниот изведувач на инсталации со LED, постави 1800 енергетски ефикасни LED светилки на лондонскиот Tower Bridge заедно со повеќе од 2000 метри LED низи, 5000 метри кабел и преку 1000 приклучни кутии.
Новата исталација, која е предвидено да биде во функција во наредните 25 години, навистина е штедлива! Таа не троши повеќе од 20 kW – исто колку еден проточен бојлер во домаќинството!
Повеќе информации на: http://www.genewscenter.com/.