Рубрика: Астрономија и астронаутика
Астероидни појаси околу ѕвездата Вега
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астрономите откриле два астероидни појаса околу ѕвездата Вега, меѓусебно одвоени со празнина. Појасите се раздвоени меѓу себе со голема празнина, така што целата конфигурација кореспондира со архитектурата на нашиот Сончев систем. Поради тоа астрономите се прашауваат: дали во празнината се крие екстрасоларен мултипланетски систем?

Астрономите од Институтот за технологија во Пасадена, Калифорнија, околу ѕвездата Вега откриле два астероидни појаса, меѓусебно разделени со празнина. Во откривањето на појасите тие користеле податоци добиени од орбиталниот телескоп на НАСА (NASA), Спицер (Spitzer) и од орбиталната опсерваторија на ЕСА (ESA), Хершел (Herschel). Слично како во Сончевиот систем (!), едниот појас се наоѓа близу до матичната ѕвезда, па поради тоа е наречен топол астероиден појас, а другиот е далеку од ѕвездата, на самиот раб на системот, па е наречен студен појас. Појасите се раздвоени меѓу себе со голема празнина, така што целата архитектура кореспондира на архитектурата во нашиот Сончев систем со исто така два астероидни појаса – едниот топол – помеѓу планетите Марс и Јупитер, а другиот студен, т.н. Кајперов појас – на самиот раб на Сончевиот систем!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.